Добивај вести на Viber
Во Србија синоќа е прогласена вонредна состојба поради поплавите и обилните врнежи од дожд.
Владата постојано ја следи состојбата на терен и за тоа ги известува граѓаните. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата и да помогнат за да спречат поголеми последици во текот на критичниот дождлив период.
„Одлуката е донесена како превентивна мерка со која ќе се олесни и забрза делувањето на сите тела во Република Србија, во заштитата на животите и безбедноста на граѓаните и имотите, како и отстранување на последиците од поплавите"- информираат од Владата на Србија.
Ситуацијата ја отежнува и мигрантската криза, а на полицијата на границите во наредните денови ќе и помага и војската.
Вонредна состојба беше прогласена во 15 општини, евакуирани беа над 150 луѓе и поплавени околу 700 куќи. Поради поплавите многу домаќинства се без струја.
https://youtu.be/Qy8EV6uRdps
[embed width="750" height="500" ]http://https://youtu.be/Qy8EV6uRdps[/embed]