19 Декември, 2025
0.0923

ВОНРЕДНА СРЕДБА: Шокантна одлука на Православната грчка црква за украинската

Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2019 08:44

Добивај вести на Viber

На вонредна средба Православната грчка црква го прифати барањето на Вселенската патријаршија. Имено, ГПЦ ја прифати  автокефалноста на украинската православна црква.

Хиерархијата, составена од 80 епископи, ја призна новата автокефална црква. Седум митрополити побараа да се одложи одлуката.

Поглаварот на грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, сега ќе го спомне и во своите молитви поглаварот на украинската црква.

Според информациите од седницата, епископите гласале со акламација за предлогот на Јеронимос за признавање на автокефалноста на украинската православна црква

Весникот Катимерини на својата веб-страница пишува дека на средбата Јеронимос бил известувач на оваа тема, што ретко се случува, укажувајќи дека станува збор за „одлука од посебна политичка вредност, јасна порака за поддршка за Вселенската патријархија, испратена во сите правци“.

Препораката на Архиепископот за признавање на автокефалноста на украинската црква се засноваше на препораките на две надлежни комитети на Хиерархијата, кои сугерираа да се признае автокефалноста, како во времето на повторното основање на Црквите во Албанија и Чешка.

Јеронимос истакнал дека украинската црква отсекогаш била во канонска јурисдикција на Вселенската патријаршија, која се откажала од тој авторитет, со цел украинската црква да се приклучи на Друштвото на автокефални православни цркви, иако чинот бил оспорен од московската патријаршија.


Foto: plusinfo.mk


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен