10 Декември, 2025
0.1555

ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА „ТИКВЕШ“, ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ ОД НАД 12 МИЛИОНИ ЕВРА - еве зошто се потребни средствата

Објавено во: Економија 13 Март, 2024 08:25

Добивај вести на Viber

Винарската визба Тиквеш најавува дека на 8 април ќе одржи вонредно акционерско Собрание, а на него ќе се разгледува Предлог одлука за пристапување кон долг, и тоа на прилично значајна сума од над 12 и пол милиони евра.

Ова следува откако Управниот одбор на компанијата пред околу една недела донел одлука да се прифати оваа намера, а сега за неа треба да се изјаснат акционерите на компанијата на вонредното Собрание.

За оваа одлука компанијата ја информираше инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Всушност, како што е наведено, Собранието на акционери треба да гласа за одлука за пристапување кон долг, со која се дава согласност друштвото да пристапи кон три договори.

Првиот е договор за одобрување на долгорочен кредит со својство на извршност од 26 јануари оваа година, на износ до 775.000.000, што е рамно на 12,6 милиони евра, со сите негови измени и дополнувања, како што се вели во предлог одлуката. Вториот е договор за рефинансирање на побарувањата на банката кои датираат од крајот на март 2019 година, на износ од 426.250.000 денари, или 6,93 милиони евра. И третиот е договор за одобрување на долгорочен кредит од крајот на декември 2019 година на износ од 7.400.000 денари или 120 илјади евра, со сите негови измени и дополнувања, склучени помеѓу Комерцијална банка АД Скопје и друштвото за инжинеринг и услуги М6 ЕДЕН ДОО Скопје.

„Се дава согласност Друштвото да трасира и акцептира по една бланко сопствена акцептирана меница со менична изјава, уредена со нотарски акт и клаузула за извршност. Се овластува генералниот директор на друштвото ВВ Тиквеш АД Кавадарци во име и за сметка на друштвото да склучи и потпише договор за пристапување кон долг, нотарските бакти за меница и сета документација потребна за реализација на оваа одлука. Се овластува друштвото да склучи соодветен договор со М-6 ЕДЕН ДОО Скопје, кој ќе обезбеди со секоја евентуална исплата од Друштвото врз основа на оваа Одлука да биде засновано соодветно побарување кон М-6 ЕДЕН ДОО Скопје“, се вели во објавата од Берзата и се додава дека оваа одлука е донесена согласно правилата за одобрување на голема зделка и правилата за зделка со заинтересирана страна предвидени во законот за трговски друштва.

Таа ќе влезе во сила на денот на донесувањето, откако ќе ја усвојат акционерите на ВВ Тиквеш Кавадарци. Потпис на ваквата одлука за која на вонредното Собрание ќе треба да се изјаснат акционерите ставил првиот човек на винаријата, Светозар Јаневски.

Фактор се интересираше за каков кредит тука станува збор, а од наши извори дознаваме дека се работи за заем кој всушност го зема компанијата М-6 ЕДЕН, а за кој како гарант ќе се јави ВВ Тиквеш, како поголема и помоќна компанија, а чија, пак, гаранција, ќе ги намали трошоците за резервации на тој кредит, и што всушност, било услов да се земе кредитот.  

За нештата да станат појасни треба да се наведе дека мнозински и доминантен сопственик на ВВ Тиквеш Кавадарци е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје, кое поседува 80,8 отсто проценти од Тиквеш. Оваа компанија има и други акционери, но никој од нив нема пакет од над 5 отсто. Всушност, компанијата има уште 434 акционери домашни физички лица, кои вкупно поседуваат 14,32 отсто од акциите на визбата, и уште девет фирми акционери, кои располагаат со вкупно 6,36 проценти од акциите на компанијата.

Е сега, во М-6 ДОО, пак, доминантен сопственик е фирмата М-6 ЕДЕН ДОО, која поседува 92 отсто од М-6, додека преостанатите 8 отсто во М-6 ги поседува Милан Ивановски.

Додека, пак, М-6 ЕДЕН ДОО има тројца сопственици и сите тие поседуваат по една третина, односно по 33,33 проценти од акциите, а тоа се децата на бизнисменот Светозар Јаневски, односно Драгана Јаневска, Кирило Јаневски, и Јане Јаневски, како и Светозар Јаневски, за кого е наведено дека на друг начин остварува контрола на правното лице.

Нашите сознанија говорат дека всушност овој кредит го зема М-6 ЕДЕН ДОО, но потребна е гаранцијата од Тиквеш како голема и моќна компанија.

За тоа зошто е потребен овој заем дознаваме дека станува збор за некои консолидации кои треба да се направат внатре во компанијата, всушност консолидација на целата приказна околу Тиквеш.

Она што ќе биде интересно е дека винарската визба се јавува како гарант, но средствата повторно ќе ги враќа М-6 ЕДЕН.

Инаку, пред околу една недела, како што објави Фактор, некој преку берзанска блок трансакција купи 2,2 проценти од вкупниот акционерски капитал на „Тиквеш“, плаќајќи за нив сума од 566 илјади евра.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

УЈП СЛЕДНАТА ГОДИНА ЈА СТАРТУВА ТЕСТ ФАЗАТА НА Е - ФАКТУРА: ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

УЈП СЛЕДНАТА ГОДИНА ЈА СТАРТУВА ТЕСТ ФАЗАТА НА Е - ФАКТУРА: ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците