Вооружени крадци одзедоа 120.000 евра од куќа во Арачиново
Објавено во: Македонија 28 Март, 2017 15:50
Непознати крадци влегле во куќа во Арачиново и под присила со пиштол му одзеле на соптвеникот 120.00 евра, кои претходло легално се добиени од продажба на недвижен имот.
Настанот се случил 28 март. околу 05.15 часот. Кражбата, преку телефон е пријавена во ЕИК. Лицето Б.С. (20) од Арачиново пријавил дека три непознати маскирани лица извршиле разбојништво во куќата на неговиот татко.
Сторителите влегле преку незаклучената врата и отишле во спалната соба во која спиел неговиот татко И.С. (45), кој го разбудиле со закана со пиштол, по што отишле во собата каде што спиел Б.С. и од под креветот одзеле актовка во која имало 120.000 евра заедно со документ дека се подигнати од банка.
Парите потекнувале од продажба на недвижен имот (нива). Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




