Вооруженото крило на Хамас соопшти дека со ракети го напаѓа Тел Авив

Објавено во: Свет 26 Мај, 2024 14:22
Вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, соопштија дека денеска извршиле голем ракетен напад врз Тел Авив, а израелската војска активирале сирени во градот предупредувајќи за можен напад.
Во соопштението на својот канал Телеграм, бригадите Ал-Касам наведоа дека ракетите биле лансирани како одговор на, како што ги нарече, „ционистичките масакри врз цивили“. Телевизијата Ал Акса на Хамас јави дека ракетите биле истрелани од Појасот Газа.
Сирените што предупредуваат за ракетен напад не беа активирани во Тел Авив во изминатите четири месеци. Итната медицинска помош соопшти дека нема извештаи за жртви.
Нападот сигнализира дека исламистичката фракција се уште може да истрела ракети со голем дострел и покрај повеќе од седум месеци разорни израелски воени офанзиви од воздух и од земја.
фото Твитер
Можеби ќе ве интересира
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ЕУ И МАКЕДОНИЈА: Ова е како да укинувате смртна казна, а викате ај уште овој да го егзекутираме

УШАКОВ: Спречен е терористички напад во близина на Кремљ

НОВ ДЕФЕКТ ВО ШПАНИЈА, СЕГА ОСТАНАА БЕЗ ТЕЛЕФОНИ И ИНТЕРНЕТ, СИТЕ МОБИЛНИ МРЕЖИ ПАДНАА: Погодени се и некои линии за итни случаи

„ПУТИН ГО НАДМУДРИ И ГО ПОНИЖИ ТРАМП“ – ШТО ПИШУВААТ БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР: Нема да му се допадне на американскиот претседател

ЗГОЛЕМЕНИ КОНТРОЛИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Проблеми за патниците

ПУТИН МУ ГО ЧЕСТИТАШЕ РАЃАЊЕТО НА ВНУКОТ НА ТРАМП: „Владимир, можеш да се јавиш кога сакаш, со задоволство ќе одговорам и ќе разговарам со тебе“

ТРАМП ПО РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН: Разговорите меѓу Москва и Киев ќе почнат веднаш

АМЕРИКАНКА УЖИВА ДА ГИ „ОЖИВУВА“ ИМОТИТЕ: Си купила шест куќи по едно евро во Италија

И УКРАИНА САКА МИР: Зеленски формира проширена национална преговарачка група
