29 Септември, 2024
0.0345

Ворен Бафет го повлекува капиталот од нафтениот бизнис

Објавено во: Анализа 18 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата на милијардерот Ворен Бафет „Беркшир Хатавеј“ го продала целиот дел кој го имала во енергетскиот гигант „Ексон мобајл“ за 3,74 милијарди долари.
Фирмата на овој милијардер се „ослободила“ од своите 41 милион акции во прилично невообичаениот потег, со оглед на тоа дека влезе во „Ексон“ пред само две години.
Енергетската компанија во претходните шест месеци, во деновите на опаѓањето на цените на нафтата, бележела подобри резултати од конкуренцијата и вредноста на акциите паднала за само 15 одсто, па останува нејасно зошто Бафет се одлучил на овој маневар.
Како што пишува „Њујорк тајмс“ , не е познато дали „Беркшир“ успеал својата инвестиција да ја наплати и да излезе од оваа работа со некој плус.
Бафет е внимателен инвеститор и секогаш треба да се има предвид дека акциите на „Ексон“ многу добро се држеа во текот на кризата на нафтениот пазар“, вели аналитичарот Павел Молчанов.
Компанијата „Ексон мобајл“ не сакала да ја коментира оваа трансакција.
Истовремено, компанијата на Бафет купила пет одсто од акциите на произведувчот на земјоделска опрема, „Џон Дир“, уште 4,7 милиони акции од компанијата „21st Century Fox“ , како и уште 8,4 милиони акции од компанијата „Ресторант брендс интернешнел“, под чија закрила работат рестораните „Бургер Кинг“ и „Тим Хортонс“.
Во последниот квартал, зголемен е делот и во уште неколку големи компании како што се „ИБМ“ и „Џенерал Моторс“, а продадени се акциите на нафтената компанија „КонокоФилипс“.