Воспоставена современа гравиметриска мрежа на територијата на Македонија
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2013 15:34
Современа гравиметриска мрежа за прв пат воспостави Република Македонија на целата нејзина територија по европски стандарди која ќе служи како основа за спроведување на сите видови гравиметриски премерувања.
Ова денеска на прес-конференција го кажа директорот на Агенцијата за катастар и недвижности (АКН) Славче Трпевски, кој истакна дека за реализација на овој проект агенцијата издвила 52.000 евра и во иднина најголема корист ќе има македонската економија.
- Резултатите покажуваат дека Македонија преку овој проект доби гравиметриска мрежа одредена со најголема точност во целиот регион и пошироко. Податоците од овие мерења самите или во комбинација со други податоци можат да се користат при истражување на рудни богатства, истражување на природен гас и нафта, за истражување на распоредот и густината на земјините маси, за откривање на подземни шуплини, пештери, за лоцирање на подземни води, за следење на промените на земјините маси при потреси и проектирање и изведба на патна и железничка инфраструктура, поголеми тунели, мостови, брани..., рече Трпевски.
Основната гравиметриска мрежа во Македонија ја сочинуваат три апсолутни гравиметриски точки во Скопје, Охрид и Валандово и 25 релативни гравиметриски точки распространети на целата територија на државата на растојание од 30 до 40 километри.
Мерењара се извршени за 23 дена во периодот од септември до октомви, при што еден гравометриски ден во просек траел 16 часа, а се поминати 15.600 километри односно 700 дневно. Тие се извршени со прецизни релативни гравиметри „Sintrex CG5“ и „CG3“ од канадско производство, специјално изнајмени од изведувачот на работите.
Од Агенцијата најавија дека следува детален гравиметриски премер на целата територија на Република Македонија што е планирано да се реализира во 2014 година за што се обезбедени средства во износ од 300.000 евра.
Последните гравиметриски мераења во Македонија се вршени во седумдесеттите години од минатиот век од страна на тогашната Федерална геодетска управа на СФРЈ, но резултатите од тие мерења никогаш не и се ставени на располагање на Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





