Воведен данок на луксуз: Грците се откажуваат од јахтите
Објавено во: Балкан 27 Јули, 2015 14:42
Претставници на кредиторите денес во Атина почнуваат преговори со грчките власти за новиот програм на финансиска помош на таа земја. Меѓу мерките кои ги усвои грчкиот парламент, а ги бараат доверителите, е и данокот на луксуз, кој се однесува на сите пловила подолги од пет метри. Тоа за многу Грци значи откажување од омиленото хоби.
Во Атина се очекува доаѓање на Деклан Костел од ЕУ, Расмус Рифер од Европската Централна Бнка, Делијеа Велкулеску од ММФ и Никола Ѓамариол кој е шеф на Европскиот стабилизационен механизам.
Грчкиот министер за финансии Еуклидис Цакалатос официјално пред викендов побара нова кредитна помош од ММФ како нов чекор во преговорите со доверителите.
Грчкиот парламент во средата вечерта го усвои и вториот пакет реформи кои ги бараат доверителите како предуслов за почеток на преговори за нов повеќегодишен пакет кредитна помош.
Меѓу тие мерки е и данокот на луксуз, кој се однесува на сите пловила подолги од пет метри.
Статис Ропас веќе 25 години ужива на својот брод долг десет метри. Сега повеќе од никогаш порано е загрижен што стапката на данок е зголемена од 10 на 13 одсто.
„За мене тоа значи опростување од она што најмногу го сакам. Мислев дека сега како пензионер ќе уживам. Но за новите даноци и редовни трошоци за одржување на бродот нема да имам доволно пари“, вели Ропас.
Според новите правила, сопствениците на пловилата ќе плаќаат данок секоја година, а ќе се пресметува според проценетата вредност на бродот. Така оној кој поседува глисер вреден околу 16 000 ерва ќе мора да плаќа 2000 евра годишно.
„Не верувам дека сите ќе бидат на удар. Постои разлика помеѓу богатите кои нема да плаќаат данок, кои едноставно ќе отпатуваат во Турција и таму ќе уживаат на својата јахта, и оние кои се на брод од утро до вечер уредувајќи го секој негов дел“, вели сопственикот на компанијата за продажба на јахти Јоргос Ригинос.
На оние на кои бродовите им се занимање сметаат дека поголемите даноци ги обесхрабриле купувачите и намалиле приходите на државниот буџет, а тоа е спротивно на намерите на владата и нејзините фискални цели.
„Се тоа е ланец-кога нема јахти, не постои ни зона за поправки и одржување, нема да има приходни ниту за инжиниерите, електричарите, за се што е поврзано со одржување на бродот“, објаснува директорот на сектрот за јахти во Атина Апостолис Ејтимијакос.
Во бродизградбата стравуваат од загуби на работни места, во секторите се плашат дека странските јахти едноставно ќе заминат од Грција и ќе се закотват во соседна Турција, Хрватска или некаде каде даноците се ниски.
Преговорите за финализирање на третиот пакет кредитна помош на Грција предвидува најмалку 80 милијарди евра во текот на три години, а кој е прифатен начелно во преговорите со ЕУ и ММФ.
Се очекува оваа помош да биде одобрена до 20 август, кога достасува исплатата на новите рати од долгот, поголеми од три милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




