19 Декември, 2025
0.0394

Воведувањето на ДФТ во земјите на ЕУ ќе го намали економскиот раст

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2013 11:18

Добивај вести на Viber

Чешка е една од 16-те земји на ЕУ кои не го поддржуваат воведувањето на новиот данок на финансиски трансакции што предвидува оданочување од 0,1 отсто на трговијата со акции и 0,01 отсто на трговијата со финансиските деривати.

- Многу земји сметаат дека данокот за финансиските трансакции е мерка што оди против економскиот раст. И апсолутно е апсурдно да се мисли дека е можно воведување на тој данок во ЕУ.  Тоа едноставно не е можно.  Потоа, сепак е исклучително важно да се знаат сите информации за тоа какво влијание тоа ќе има врз единствениот европски пазар.

Ова го изјави чешкиот министер за финансии Мирослав Калоусек, образложувајќи зошто Чешка се воздржа од гласање за иницијативата.

Велика Британија остро се спротивстави на усвојувањето на ваквата иницијатива, но не застана на патот на воведувањето на ДФТ, што првично го предложија Франција и Германија, а на кој потоа им се приклучија и Австрија, Белгија, Грција, Португалија и Словенија, а по нив и Италија, Шпанија, Словачка и Естонија.

- Има земји кои данокот нема да го воведат никогаш. Чешката Република јасно кажа дека ДФТ го смета за противрастечки импулс, како алатка која ќа ја кочи економијата, кој ќе влијае на цената на производите, на крајните потрошувачи и на оние кои сакаат да инвестираат, додаде Калоусек.

Останува на Европската комисија да го изработи предлогот во врска со ДФТ кој подоцна ќе се разгледува од министрите за финансии и Европскиот парламент, како и да се дореши прашањето каде ќе одат средствата добиени од данокот.

Чешка е заинтересирана и во врска со влијанието на воведувањето на данокот на останатите земји кои нема да го прифатат.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците