Возачки дозволи вадат подеднакво и мажи и жени, ама се повеќе дами полагаат за Ц категорија
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2019 07:10
Приближно ист број на дами и мажи полагаат годишно за возачка дозвола. Минатата 2018 година според податоците од Министерството за внатрешни работи вкупно 11.520 мажи се стекнале со возачка довола Б категорија и 9.421 дами.
Според Министерството понежниот пол повеќе се интересира за добивање возачка дозвола после 28 година, додека машките лица во земјава за прв пат полагаат за возачка дозвола до својата 27 година.
Лани 1.993 жени од 28 до 37 години лани се стекнале со дозвола за возење автомобил, наспроти 1.349 мажи од иста возраст.
Бројот на мажи кои минатата година добиле возачка довола за возење автомобил до својата 27 година изнесува скоро десет илјади, односно 9.636 лица, наспроти дамите кои до својата 27 година добиле 6.909 возачки дозволи.
Возат во странство или дома: Се повеќе жени полагаат за Ц категорија
Интересен е и фактот, дека дваесет дами во 2018 година добиле возачки дозволи Ц категорија, односно дозвола за возење на камиони. А 1.641 маж лани добиле дозвола за возење камиони.

Иако според податоците со скоро ист број на возачки дозволи за автомобили се стекнуваат на годипно ниво и мажите и жените сепак, во пракса сме сведоци дека силниот пол е поприсутен зад воланот низ патиштата во земјата.
Министерството за внатрешни работи минатата година евидентирало вкупно 3.740 сообраќајни незгоди со потешки последици. Од нив во 501 сообраќајна незгода учествувале возачи без да се стекнат со право на управување со возило, додека 394 незгоди ги предизвикале возачи без да се стекнат со право да управуваат моторно возило.
Во првиот квартал од тековната година според МВР се евидентирани 560 сообраќајни незгоди со посериозни последици.
Н.М.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери
„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација
ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата
Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција





