ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Снегот го запре сообраќајот кај Тетово-Попова Шапка за тешки возила
Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2014
Зимата не е зима ако нема снег, вели една стара поговорка.
Доколку денеска патот ве нови кон правецот Тетово - Попова Шапка бидете исклучително внимателни и возете со зимска опрема бидејќи снежните врнежи донесоа забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси.
Исто така од АМСМ соопштија дека патницо правец Скопје кон Македонски Брод е тешко прооден посебно за лесни моторни возила бидјеќи има појава на голомразица.
Низ останатите државни патишта во Македонија сообраќајот се одвива по влажни коловози. На повисоките места има помали остатоци од снег на коловозите, но без поголеми проблеми во одвивањето на сообраќајот.
Се препорачува да возите внимателно со прилагодена брзина на движење и да ја почитувате поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Исто така важно е да напоменеме и потсетиме за учесниците во сообраќајот на подрачјето на Град Скопје, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.