09 Октомври, 2024
0.0376

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СВЕДОШВА ОД ПРЕЖИВЕНИТЕ ПО НАПАДОТ НА ХАМАС: Би-Би-Си со специјална репортажа - дел од преживеаните се самоубиле

Објавено во: Свет 06 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Фотографиите и видеата на голи и крвави жени направени од Хамас на денот на нападот и фотографиите од телата по нападот покажуваат дека милитантите сексуално напаѓале цивили.

Би-Би-Си објави голема сторија, во која посочува дека се собрани бројни докази, но и изјави од преживеани дека е извршено сексуално насилство и осакатување на жени за време на нападот на Хамас на 7 октомври. Фотографиите и видеата од голи и крвави жени направени од Хамас на денот на нападот и фотографиите од телата по нападот укажуваат на тоа дека милитантите сексуално нападнале невини цивили.

Израелската полиција на новинарите им покажа видео од ужасното сведочење на жена која била на фестивалот и која детално го опишала групното силување, осакатување и убиство на една од жртвите. Таа опиша како членовите на Хамас прво групно ја силувале жената, ја осакатувале, а потоа еден од напаѓачите и пукал во главата и продолжил да ја силува.

"Таа беше жива. Крвареше. И ги отсекоа градите и ги фрлија на улица, си играа со нив. Потоа ја предадоа на друг милитант кој навлезе во неа и и пукаше во главата", рекла жената, чие име не се открива, туку ја именуваат како сведок С.

„Некои жени биле силувани пред да бидат убиени, а некои додека биле мртви“

Новинарите на Би-Би-Си разговарале со човек кој бил на фестивалот.

"Некои жени беа силувани пред да бидат убиени, некои додека беа повредени, а некои додека беа веќе мртви. Терористите ги силуваа нивните безживотни тела. Очајно сакав да им помогнам, но не можев ништо да направам", рекол тој.

Израелската министерка за зајакнување на жените, Меј Голан, рече дека неколку жртви на силување ги преживеале нападите и дека сите моментално се на психијатриско лекување.

„Но, многу, многу малку од нив преживеаја. Повеќето беа брутално убиени“, додаде таа.

Застрашувачки снимки

На една од снимките кои ги нарпавија членови на Хамас, може да се види една жена со лисици и исеченици на рацете и голема крвава дамка на долниот дел од панталоните. Може да се видат и голи или полуголи заложници земени од милитантите.

На неколку фотографии од терените на фестивалот по нападот се гледаат тела на жени голи од половината надолу или со искината долна облека, раширени нозе, повреди на гениталиите и нозете.

„Се чини дека Хамас научи од ИСИС во Ирак и од случаите во Босна како да ги користи женските тела како оружје“, рече адвокатот Кочав Елкајам-Леви.

„Се згрозувам само помислувајќи на тоа. Тие точно знаеја како да им наштетат на жените: им ги сечеа органите, им ги осакатуваа гениталиите, ги силуваа“, додал Елкајам-Леви. 


Министерката Меј Голан рече дека разговарала со најмалку три девојки кои сега се хоспитализирани.

„Ментално тие се многу лоши“

„Тие се психички многу лоши затоа што ги виделе сите тие силувања. Се преправале дека се мртви, а виделе и слушнале сè. Не можат да се справат со тоа“, рече таа.

Шефот на израелската полиција Јаков Шабтаи наведува дека 18 млади мажи и жени биле хоспитализирани во психијатриска болница по нападот бидејќи повеќе не можат да функционираат.

Некои од преживеаните се самоубиствени, а некои веќе си го одзеле животот. Еден од волонтерите кои ги собрале телата по нападот ги опишал трагите од мачење и осакатување на трудницата. Тој рече дека и ја исеколе внатрешноста и потоа ја убиле. После тоа го избоделе плодот.

Друг волонтер даде писмена изјава во која изјави дека видел тела на две жени во Кибуц Бери со врзани раце и нозе за кревет. Еден од нив заглавил нож во гениталиите, а потоа ги извадил сите внатрешни органи“, напишал тој, пренесува Би-би-си.

Фото: Притнскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи