Возниот ред на ЈСП Скопје на мобилен телефон
Објавено во: Економија 27 Декември, 2012 12:35
За еден месец на страницата на ЈСП „Скопје“ќе се постави апликацијата „Автобуско“, која овозможува добивање информации во врска со јавниот автобуски превоз во главниот град. Врз основа на моменталната локација на корисникот, апликацијата овозможува брзо и прецизно пристигнување до посакуваната цел. Апликацијата го прикажува возниот ред, следните автобуси на зададена станица во зададено време, станиците на сите градски и приградски линии на мапа...
„Автобуско“ е мобилна апликација која постои веќе една година и е развиена во периодот од jули за Андроид и oктомври за iOS верзијата од Мартин Анчевски, кој тогаш имал 22 и Нино Карас, 21 година. Ексклузивните права над оваа апликација ги откупи операторот Т – mobile и ја инсталира на нивните Андроид уреди во Македонија. Во 2010 година Карас и Анчевски се пријавиле за учество во One Android натпреварот за развивање мобилни апликации, каде настапиле со апликацијата „Автобуско“. Својата компанија ја основале во април 2011 година, а сега фирмата има 12 вработени.
Наредниот период CodeWell за потребите на ЈСП „Скопје“ ќе изработи веб апликација – планер за автобуски превоз во градот, која ќе ја содржи истата технологија, како и мобилната апликација „Автобуско“.
Идејата за креирање на оваа апликација е таа да овозможува планирање на патувањето со автобус со селектирање на почетната и крајната станица, а потоа системот самиот генерира решение кое му кажува на корисникот кој број на автобус да го одбере, дали и каде да промени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





