24 Ноември, 2024
0.2894

ВОЗОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОПРАЗНИ – значително намален бројот на превезени лица, ама за авионите нема зима

Објавено во: Македонија 27 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Бројот на патници кои биле превезени во првите три месеци од годината има значителен пад кај железничкиот превоз, кај автобусиот благ раст, додека позначаен раст има кај авионскиот превоз.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика  објави дека во првото тримесечје од 2024 година, во патниот превоз бројот на превезените патници изнесува 918 илјади. Притоа во споредба со истиот период минатата година има благо зголемување. Имено, во првите три месеци од 2023 биле превезени 899 илјади патници.

Од друга страна кај градско-приградскиот превоз биле превезени 9.848 илјади патници во првото тромесечие од годинава, додека минатата година истиот период биле опфатени 12.097 илјади патници.

Железничкиот превоз бележи најголеми загуби, а со оглед на состојбите со железницата во нашата земја, сосема очекувано е значителниот пад на бројот на превезени патници.

Имено, минатата година со возови во Македонија биле превезени само 42 илјади патници. Што се однесува пак до 2023 година, во првиот квартал биле опфатени 102 илјади патници.

Од друга страна превозот на патници со авиони постојано расте. Бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 640.165 патници во првиот квартал од 2024 година. Минатата година истиот период биле превезени 493.096 патници.

Она што е интересно кај авионскиот превоз, е фактот дека има намалување на патници кои користат чартер летови, додека има раст на бројот на патници опфатени во редовните линии.

Па така во првиот квартал годинава преку редовните линии биле испратени 330.629 лица, додека лани истиот период нивниот број достигнал 248.942 патници. Во нашата земја пристигнале 307.369 патници во првиот квартал годинава, додека лани истиот период 242.727 патници.

Што се однесува пак до чартер линиите, лани во првите три месеци од годината биле испратени 638 патници, додека годинава 459 лица. Што се однесува пак до патниците кои пристигнуваат во Македонија со чартер линии имаме раст. Лани во првите три месеци стигнале 789 патници, додека годинава 1.708 лица. 

П.О. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје