17 Април, 2025
0.0538

ВРАБОТЕНИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШТИП СО ДРУГА ВЕРЗИЈА ЗА НАСТАНИТЕ: Го демантираат Пандов, велат се е заведено во рапортни книги

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 09:08

Добивај вести на Viber

Невистинита, манипулативна, со неточни податоци. Вака ја карактеризираат изјавата на директорот на Дирекцијата за извршување санкции, Александар Пандов и директорот на затворот во Штип, Дејанчо Здравков, дел од вработените во затворот во Штип.

Пандов и Здравков на прес конференција истакнаа дека затворски полицајци му помагале на затвореник да ја бара дрогата фрлена во дворот на затворот.

Во демантот на вработените се наведува дека откако биле забележани лица кои однадвор фрлиле сомнителни предмети преку безбедносниот ѕид, веднаш почнала потрага по нив. Иако ноќната акција не дала резултати, рано наутро бил повторно прегледан периметарот, по што била пронајдена најлонска кеса со прашкаста и тревкаста материја, велат дел од вработените.

„По пронаоѓањето на кесата, веднаш беа известени директорот и СВР – Штип. Полицијата пристигна, изврши увид и предметите беа предадени за понатамошна обработка. Сето тоа е евидентирано во дневниот извештај и во полицискиот билтен. Не е точно дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на законот или во корист на осудено лице.Директорот на установата во случајот со осуденото лице Ж.Ж. лично давал дозволи за посети надвор од работното време, преку телефонски повици до одговорниот на смена. Тој даваше дозволи за вонредни пакети. Сите дозволи се заведени во рапортните книги, но тоа не беше јавно кажано. Време е вистината да излезе на виделина,“ се вели во демантот на вработените, повикувајќи на одговорност, транспарентност и објективно информирање на јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги