20 Декември, 2025
0.0391

Вработените во Халкбанк го одбележаа Денот на планетата земја со зазеленување на просторот околу повеќе филијали на Банката

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2023 10:37

Добивај вести на Viber

Денот на планетата Земја, 22 април, вработените на Халкбанк го одбележаа со засадување садници во околината на филијалите на Банката во Гевгелија, Струмица, Куманово, Тетово Шар, Ресен и Велес. На овој начин тиего зазеленија и разубавија просторот околу филијалите, истовремено придонесувајќи и за поубава и позелена средина во овие градови.

Како дел од одбележувањето на денот посветен на нашиот единствен дом – планетата Земја, беше направен и Giveaway на социјалните мрежи ибеа подарени растенија на најкреативните учесници.

Халкбанк која е препознаена како еко ориентирана банка, постојано посветува внимание на зачувување и заштита на природата и поттикнување и негување здрави животни навики и со низа акции придонесува за зголемување на зеленилото, како во урбаните средини, така и на други локации каде што тоа е потребно. Преку платформата ХалкЕко досега се засадени над 33.000 дрвја на повеќе локации во земјата, а во дел од овие акции учествуваа и вработените во Банката. Основа на платформата е истоимената апликација со која сите оние што пешачат, трчаат или возат велосипед, со поминатите километри во овие активности, придонесуваат Халкбанк да засади дрвја. И хронометар велосипедската трка ХалкВелоГрин која ја организира Банката е со цел поттикнување здрави животни навики, но и обзбедување нови садници бидејќи средствата од котизацијата за учество во трката се искористуваат за обезбедување нови дрвја.

Сите акции за засадување нови садници се и придонес на Халкбанк во рамките на коалицијата Priceless Planet чиј дел е Банката, која има за цел до 2025 година во светот да бидат засадени над 100 милиони дрвја. Коалицијата беше формирана од страна на Mastercard во јануари 2020 година, а во октомври истата година Халкбанк  влезе во партнерство со оваа големата глобална иницијатива, со што стана и прва банка во регионот што се приклучи на оваа широка Коалиција.

Со сите еко акции и иницијативи Халкбанк настојува да додаде видлив отпечаток кон подобра, почиста и поздрава животна средина, но и да поттикне повисока одговорност кај секој чинител во општеството.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии