19 Мај, 2024
0.0290

Враќање на „отпишаните„! Која железарска компанија направи 10 милиони евра профит за пола година?

Објавено во: Економија 26 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

„Либерти“ или поранешна популарно позната како „ладна валавница“ за првите шест месеци од продажба на сирово железо, железо и легури инкасира над 75 милиони евра што е за половина повеќе од истиот период лани. Растат рамномерно извозот како и продажбата на домашен пазар. Воскреснатата глобална побарувачка за железо и челик, а ренесансата на бродоградбата предизвикана од амбицијата на Кина да создаде најголема карго флота на свет ги вратија во игра и најголемите железарски компании

„Либерти“ е новиот бренд  во скопскиот железарски комплекс. Поранешна ладна валавница еден од клучните погони во сложениот железарски комплекс повторно е во фокус на вниманието. Дојдоа петте минути за македонските челичарници! Поволните светски трендови – огромната пост ковид побарувачка за челици во различни форми и профили, воскресната бродоградителска индустрија на светско ниво предизвикана пред се од пенетрацијата и консолидацијата на Кинезите во глобалниот бродски карго превоз го направија своето. Резултатот е видлив: „Макстил“ и „Либерти“ двата клучни погони на поранешниот скопски железарски гигант се повторно меѓу најважните домашни компании.

„Либерти“ за првите шест месеци годинава направи профит од 10 милиони евра! И нема да излажеме ако кажеме дека оваа челичарница има профитно ниво на ранг на поголема македонска банка. Десет милиони евра профит за пола година е голем успех на македонскиот пазар.

„Либерти“ според официјалните јавно објавени податоци за првите шест месеци годинава оствари приход од продажба во вредност од 75,1 милиони евра што е за 50 отсто подобар резултат од истиот период лани.

Иако мали на мапата на светски производители на челик двете наши компании ги имаат ѕвездените денови. При тоа „Либерти“ значајно ги зголеми пазарните позиции на домашниот пазар како и својот извоз. Продажбата на нејзините производи (сирово железо, челик и феро-легури) расте во значаен обем. Дома продажбата пораснала за 53 отсто во споредба со лани и достигна 13,2 милиони евра. Извозот на „Либерти“ за шест месеци изнесува 61,9 милиони евра и е за 56 отсто повисок од истиот период минатата година. Во образложението кон билансот од компанијата објаснуваат дека глобалната конјутура и зголемениот обем на обезбедени нарачки (за кои се наплатени аванси, добиени гаранции или се обезбедени осигурувања н.з.) е клучен двигател да овозможи компанијата со солидни маржи за продажба да обезбеди раст на приходите од продажба на челични продукти и полуфабрикати.
На страната на трошоците најголемо е учеството на суровините и материјалите за кои „Либерти“ платила над 36 милиони евра и се зголемени за 43 отсто. Услугите со карактер на материјални трошоци изнесуваат безмалку 4 милиони евра, а трошоците за вработените однеле 2,6 милиони евра што е за 18 отсто повеќе од истиот период 2020 година.

Оперативната добивка на друштвото по одбитокот на амортизацијата е 10,2 милиони евра што е неспоредливо со истиот период лани кога друштвото имало загуба од 1,7 милиони евра.

Значајно за истакнување е тоа што компанијата годинава за шест месеци платила 753.000 евра финансиски расходи – дури 29 отсто повеќе од истиот период претходната година. Финансиските приходи во истиот период изнесуваат нешто над 122.000 евра и се драстично намалени во однос на истиот период лани.

Нето добивката за половина година изнесува 9,7 милиони евра.

Интересна е и крвната слика што ја дава билансот на состојба на „Либерти“. Благодарејќи на вбризгувањето на 7 милиони евра во резерви и намалувањето на загубата за 40 милиони евра, главнината и резервите на друштвото се во плус од 20 милиони евра. За споредба лани биле во негатива од 26 милиони евра.

Обврските на друштвото на крај на јуни биле 50 милиони евра што е за 33 отсто помалку во споредба со истиот период лани. Обврските кон добавувачите сега изнесуваат нешто над 30 милиони евра и се преполовени во споредба со истиот период лани.

Обврските по долгорочни кредити изнесуваат 20 милиони евра исто како и овој период минатата година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници