26 Февруари, 2024
0.0276

„Вратете ја надежта на Скопјани, за да може лампионите да го „греат" градот“: Емотивно обраќање на доктор Беќаровски

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

На средината од месец декември граѓаните масовно зборуваат за пречекот на Новата година, но и за фактот дека мал број градови во земјата имаат новогодишно украсување. 

Ова создава дополнителен револт кај граѓаните, посебно кај жителите на метрополата кои бараат украсување како во сите големи градови во околината и Европа. 

На оваа тема се осврна и нашиот истакнат доктор Нико Беќаровски, кој укажа дека „за предновогодишна атмосфера потребни се насмеани и среќни граѓани, а не само накитени лампиони“.

- Атмосферата во европските метрополи ја создаваат ведрите лица на граѓаните кои веруваат во подобро утре.

Колку и да го украсите Скопје, без да ги уверите граѓаните во подобра иднина, нема да ја доловите магијата на предновогодишните денови.

Еден градоначалник веќе се обиде со стиропор да го направи Скопје европска метропола, но не успеа.

Додека не се врати насмевката на лицата на сите скопјани, Скопје ќе остане касаба, заглавена во крајот на 19-от век, без оглед на сите шарени лампиони и светилки.

И најубаво накитената новогодишна елка без раздраган детски џагор, е само декоративен објект.

Затоа прво вратете ѝм ја вербата и надежта на Скопјаните, за да може лампионите да го "греат" градот и да го вратат сјајот на предновогодишната еуфорија - напиша Беќаровски на Фејсбук. 

Еве ја неговата објава која предизвика бројни реакции:



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Кога ќе наидете на „мирни води“ знајте дека е време за промени - интервју со Владимир, Филип и Димитар

Кога ќе наидете на „мирни води“ знајте дека е време за промени - интервју со Владимир, Филип и Димитар

САКАЛЕ ДА ПРОШВЕРЦУВААТ АПАРАТИ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА - голема заплена на Царинска управа

САКАЛЕ ДА ПРОШВЕРЦУВААТ АПАРАТИ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА - голема заплена на Царинска управа

ОЈО ФОРМИРАШЕ ПРЕДМЕТ ЗА ТРИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕТО НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Коцевски ги соопшти деталите

ОЈО ФОРМИРАШЕ ПРЕДМЕТ ЗА ТРИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕТО НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Коцевски ги соопшти деталите

ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПЕНЗИИТЕ: Мартовската пензија која ќе се исплаќа во април треба да биде покачена

ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПЕНЗИИТЕ: Мартовската пензија која ќе се исплаќа во април треба да биде покачена

TРЕБА ДА ЗАМИНАТ ДА РАБОТАТ НА БРОД, А НЕМААТ НОВИ ПАСОШИ: Неизвесноста ги мачи младите

TРЕБА ДА ЗАМИНАТ ДА РАБОТАТ НА БРОД, А НЕМААТ НОВИ ПАСОШИ: Неизвесноста ги мачи младите

ЕВЕ КОГА ВООПШТО ДА НЕ СЕ ОБИДУВАТЕ ДА ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА: Неколку часа ќе бидат затворени граничните премини

ЕВЕ КОГА ВООПШТО ДА НЕ СЕ ОБИДУВАТЕ ДА ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА: Неколку часа ќе бидат затворени граничните премини

МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 20 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ - на денешен ден се случи кобната авионска несреќа

МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 20 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ - на денешен ден се случи кобната авионска несреќа

ВИРШЛИ, СОКЧИЊА ЗА ДЕЦА, СЛАДОЛЕДИ, ЃУМБИР ВО ПРАВ, ПУТЕР И МИНЕРАЛНА ВОДА СЕ ПРОДАВАЛЕ НЕБЕЗБЕДНИ: Еве што се повлекла АХВ од продажба

ВИРШЛИ, СОКЧИЊА ЗА ДЕЦА, СЛАДОЛЕДИ, ЃУМБИР ВО ПРАВ, ПУТЕР И МИНЕРАЛНА ВОДА СЕ ПРОДАВАЛЕ НЕБЕЗБЕДНИ: Еве што се повлекла АХВ од продажба

ЗАМИСЛЕТЕ МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИИ ДА ЈА ПРИФАТАТ ПОЛИТИКАТА НА УЦЕНИ НА ДУИ И ПОСТОЈАНО ДА ИСПОРАЧУВААТ ЧИСТО ЕТНИЧКИ ПРЕДЛОЗИ: Не може така другари, вели Каракамишева

ЗАМИСЛЕТЕ МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИИ ДА ЈА ПРИФАТАТ ПОЛИТИКАТА НА УЦЕНИ НА ДУИ И ПОСТОЈАНО ДА ИСПОРАЧУВААТ ЧИСТО ЕТНИЧКИ ПРЕДЛОЗИ: Не може така другари, вели Каракамишева