10 Април, 2025
0.0630

Вратил 18.000 евра, а добил награда само од 100

Објавено во: Стил 06 Ноември, 2012 11:51

Добивај вести на Viber

Душан Мијатовиќ пронашол  18.000 евра сопственост на една новосаѓанка, истите ги вратил, но за благодарност од нив добил само 100. - Штом го видов големото купче евра, повикав полиција. Ни на крај памет не ми беше да ги земам парите за себе, затоа што татко ми беше полицаец. А и да не беше, чистиот образ ми е поважен пред сите пари, вели Мијатовиќ, за локалните медиуми. Чесниот наоѓач 5 години е на инвалидска пензија со месечни примања од само 8.400 динари (околу 74 евра), а парите за преживување ги обезбедува со продавање волнена облека на пазар. Жената пред неколку дена била кај Мијатовиќ да купи волнен елек, а кога заминала заборавила една од двете торби кои ги носела со себе. Полицијата го утврдила идентитетот на жената врз основа на лични документи, кои се наоѓале во изгубената торба заедно со 18.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите