05 Декември, 2025
0.0749

Вредноста на акциите може да расте?

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2012 19:26

Добивај вести на Viber

Европските акции денеска зависеа од шпекулациите дека Шпанија може да побара меѓународна помош во ноември, но инвеститорите остануваат загрижени од очекувано слабите економски  извештаи за компаниите. Индексот ФТСЕ на лондонската берза порасна за 0,5% и стигна до 5824 поени. Франкфуртскиот ДАХ се покачи за 0,8 %, на 7.292 поени, а најголем победник е парискиот  ЦАЦ, кој скокна 1,5 % и достигна 3438 поени . Извори од еврозоната  за Ројтерс во текот на викендот, изјавиле дека Шпанија може да побара меѓународна помош во ноември.  Ако ја побара помошта, тогаш нејзиното барање , најверојатно, ќе се разгледува во пакет со грчкото барањето за измена на кредитната програма, како и  со побараната помош од страна на Кипар. „Расположението се подобрува, но потребни се детали од планот за помош на Шпанија во кој не смее да се повторат  грешките направени во Грција. Ова ќе му помогне на пазарот да ја пробие тековната бариера", објаснува аналитичарот Арно Скарпаци од „Agilis Gestion“. Во ваквото опкружување, најголеми добитници се банките во еврозоната, па Комерцбанк забележа добивка од 1,8%,Сосиете Женерал  1,6% , а Уникредит 1%. Инвеститорите се повеќе се загрижени од штетите коишто ќе им бидат нанесени на компаниите поради забавувањето на глобалната економија. Иако штотуку започнува сезоната на објавување на економските извештаи во САД, податоците покажуваат дека  94 компании чии акции се пресметуваат според индексот „ S&P“ бележат добивка во третото тромесечие, а само 23 од нив пргнозираат повисока заработка. Скарпачи нагласува дека слабите извештаи веќе се искалкулирани во цената на акциите. Меѓу најголемите губитници се рударските компании.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања