05 Декември, 2025
0.0299

Вредноста на златото паѓа!

Објавено во: Анализа 04 Септември, 2014 07:45

Добивај вести на Viber

Цената на златото продолжaва да се намалува, достигајки до најниско ниво од средината на јуни и покрај влошената ситуација во источна Украина и заканата за нова рунда економски санкции против Русија. Договорите на жолт метал со испорака во декември поевтинуваат за 1,37 отсто до 1 269,70 долари за унца. Истовремено Индексот на доларот ICE кој го следи претставувањето на државните пари во однос на шест други валути, падна со 0,29% до 82,99 поени. Во Украина ситуацијата се чини дека продолжува да се влошува. Киев постојано ја обвинува Москва за воениот упад во источните територии, додека Русија продолжува да негира каква било вмешаност во конфликтот. Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во понеделникот изјави дека Москва не планира воена интервенција во Украина. Кремљ го негира и официјалното присуство на руски тенкови, тешко оружје и војници таму. Во меѓувреме НАТО планира да создаде сили за брза реакција од по неколку илјади војници со кои ќе се бранат источноевропските земји против евентуална руска агресија. Освен тоа моќниците во ЕУ ја потврдија позиција против Русија и се заканија на Кремљ со нов круг од санкции. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави дека Русија намерно ја зајакнува напнатоста. Москва сепак е подготвена за одмазда. Валентина Матвиенко, претседател на Горниот дом на Руската Дума, изјави дека пратениците имаат подготвено "многу сериозен пакет" мерки во одговор на било какви дополнителни санкции од Западот. Пазарните учесници ги очекуваат подоцна оваа недела податоците за новите работни места во САД, како и изјавите на дел од раководителите на федерални резерви. К.К  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени