18 Април, 2024
0.0231

Време е машината за лаги на Путин да биде притисната

Ова не е нормална новинска структура, туку заговор на арамии кои се во служба на автократ-убиец. Замрзнувањето на банкарска сметка е најмалиот проблем кој би требало да му се создаде на RT, смета Тајмс.

Објавено во: Анализа 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Режимот на Владимир Путин убива новинари, ги потиснува хомосексуалците, внесува во затвор критичари, врши атентати против дисиденти, срамнува градови со земја, напаѓа хуманитарни конвои, подгрева ксенофобија и менува национални граници. Вчера неговиот државно контролиран пропаганден медиумски канал се пожали за посегање против неговата слобода, бидејќи една британска банка го замоли да си ги префрли сметките на друго место, пишува британскиот весник Тајмс. Како што рекол Оскар Вајлд по друг повод, потребно е камено срце, за да не се насмееш.

Во понеделникот банката „NatWest“ се закани дека ќе ги затвори банкарските сметки на рускиот државен ТВ канал, но ја преиспита својата одлука, откако Кремљ предупреди дека ќе постапи на ист начин со финансиите на Би-Би-Си во Русија.

Маргарита Симонјан, главен уредник на RT, изјави дека „NatWest Bank“ ја известила руската медиумска компанија дека во декември сите нејзини британски сметки ќе бидат замрзнати.

Неименуван претставник на RBS, која е сопственик на NatWest, изјави за „Фајненшел тајмс“ дека таквите одлуки како замрзнување на сметките не се прифаќаат неодговорно. „Ние ја следиме ситуацијата и се поврзуваме со клиентите, за да продолжиме со дискусијата на оваа тема“, додава тој. Од банката соопштија дека сметките на RT уште не се затворени.

Извор од британското Министерство за финансии вели дека активностите на банката по замрзнување на сметките на RT не се поврзани со нови санкции во однос на организации или фирми кои припаѓаат на Русија. „Фајненшл тајмс“ пишува дека во Велика Британија беа наметнати строги ограничувања на организации кои припаѓаат на руската државата, а банките, стравувајќи од казни, ги раскинуваат односите со клиентите.

RT ја окарактеризира одлуката на банката како „необјаснива“ и ја врза со политички мотиви, а руското МНР ги обвини британските власти за „грубо прекршување на фундаменталните принципи на слободата на говорот“.

До 2009 година, телевизискиот канал RT беше познат како Russia Today. Итриот план со промената на името не помогна да се прикрие преданоста кон Путин и секој негов каприц, забележува Тајмс.

Независно од целата патетика на Кремљ, заканата на банката тешко дека е еднаква на загриженоста на државата за бестрашната телевизиска компанија. Напротив, RT одамна ја искористи толеранцијата на британското уставно општество, за да го поткопува, истакнува во коментарот во Тајмс, Оливер Кем.

Тој дава пример со новинарката Сара Фирт, кој пет години работеше за RT и напушти кога телевизијата ја обвини Украина за уништување на Малајскиот авион MH17 над Донбас во 2014 година. Управата на комуникациите на Велика Британија (медиумскиот регулатор Ofcom) забележа дека RT го прекршила 15 пати телевизискиот законик. Една од најмонструозните лаги е тврдењето дека материјалот на Би-Би-Си за користење на хемиско оружје од Башар ал Асад е наместен. RT привлекува за експерти расисти, неонацисти, љубители на НЛО, приврзаници на теоријата на заговор за терористичките напади на 11 септември 2001, како и искрени СФ љубители.

Демократските држави ја бранат слободата на говорот. Едностраното либертарианство што му го одбива на слободното општество правото да се брани од непријателите - воопшто не е либертаризам. Време е британското граѓанско општество, медиумскиот регулатор и владата да престанат да пристапуваат „на прсти“ спрема телевизискиот канал RT. Ова не е нормална новинска структура, туку заговор на арамии кои се во служба на автократ-убиец. Замрзнувањето на банкарска сметка е најмалиот проблем кој би требало да му се создаде на RT, заклучува весникот.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза