29 Септември, 2024
0.0304

Времето на дронови

Објавено во: Анализа 16 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Како што изгледа дроновите одеднаш се појавија насекаде. Тие прелетуваат во заговарачките линии на американските ТВ трилери, стојат како можност за остварување на испораките на гиганти во онлајн трговијата како Amazon.com и помагаат при зони со несреќи како Хаити и Филипините. Оваа тајна технологија започна да станува распространета. Властите во САД и Европа се завземаат за отворање на цивилниот воздушен простор за невоени беспилотни авиони. Кога тоа ќе се случи, дроновите ќе станат уште почесто користени. Затоа е од клучно значење уникатните предизвици кои тие ги поставуваат пред граѓанските слободи и приватноста, да бидат идентификувани брзо и внимателно разгледани. За почеток беспилотните авиони значително го променија начинот на кој се собираат податоци. Досега повеќето цивилни дронови се опремени со камери со висока резолуција, кои им овозможуваат на полицајците, спасувачките екипи, новинарите, инспекторите и режисерите да добијат поширок поглед на нивната околина. Но, сега тоа е на пат да се промени. Производителите експериментираат со беспилотни летала, кои можат да прават термални слики, да обезбеди телекомуникациски услуги, да прават еколошки мерења и дури да читаат и анализираат биометриски податоци. Покрај тоа, некои оператори се многу заинтересирани за собирање на големи количини на информации истовремено со помош на збир на различни сензори. Во меѓувреме дроновите стануваат помали, што им овозможува да навлезат во простори кои претходно не им беа достапни. Тие можат да ѕиркаат низ прозорците, да летаат во внатрешноста на згради, да стојат незабележано во агли или други места. Големината и безшумността им значат дека тие можат да бидат користени за следење прикриени, што предизвикува загриженост за индустриска шпионажа, саботажа и терористички напади. Цената на беспилотните авиони падна вртоглаво, а основен модел може да се купи за не повеќе од неколку стотици долари. Трговските оператори кои сакаат да одржуваат добри односи со своите клиенти, имаат интерес да ги користат беспилотните авиони одговорно. Но приватните лица се со поголема веројатност да дејствуваат со помалку скрупули и да шпионираат соседи, членови на семејството или пошироката јавност. Потребна е акција. Иако последиците за приватноста од малите евтини беспилотни летала се очигледни, забраната не е одлуката која треба да следи. Таа ќе го лиши општеството од мноштвото бенефиции кои ги носат дроновите. Употреба на беспилотни летала за прскање на житни култури, мониторинг на загадувањето, за потрага и спасување на луѓе, особено од полицијата и новинарите е важно. Самите различни потенцијални апликации на технологијата го прави речиси невозможно нивното регулирање. Заинтересираните страни на сите нивоа треба да направат проценка на потенцијалното влијание врз приватноста, заштитата на личните податоци и етичкиот елемент во секој поединечен случај. Производителите на дронови исто така ќе одиграат важна улога, бидејќи треба да обезбедат насоки за помош на корисниците, особено на граѓаните, во користењето на производите во границите на законот. Самите авиони пак ќе се одржуваат врз база на сериски броеви, за да може да се следат. Граѓанските органи исто така вложуваат големи напори за заштита на приватноста. Од своја страна осигурителните компании треба да обезбедат соодветни стимулации преку истражување на потенцијалот на пазарот и можностите поврзани со злоупотреби и несреќи. Предизвикот е истовремено комплициран и има потреба од брзо решение. Правата на граѓаните треба да бидат заштитени, пред дроновите целосно да го преплават пазарот. К.К.