10 Октомври, 2024
0.0328

ВРХОВНИОТ СУД ГО ВРАТИ ВО ЖИВОТ „ТАЛИР“ - ќе продолжи судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Постапувајќи по поднесено барање за заштита на законитоста од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од 28 јуни 24 година, во предметот познат во јавноста како „Талир“, по одржана седница на советот, на ден 09 октомври 2024 година (вчера) донесена е одлука со која барањето за заштита на законитоста подигнато од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство, против решението на Основен суд Скопје 1 од 24.12.2018 година, се одбива како неосновано, информираа од Врховниот суд.

Во барањето до Врховниот суд обвинителката оспоруваше дека СЈО е овластен тужител, бидејќи обвинението за „Талир“ било поднесено во ноември 2018 година, а рокот што тимот на Катица Јанева го имаше за поднесување обвиненија од 18 месеци, истекол на 30 јуни 2017 година.

Обвинителката се повикуваше и на начелниот став на Врховниот суд од 2019 година, според кој, СЈО можеше да подигне „обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци“.

Врховниот суд не ги прифати овие аргументи и го отфрли барањето.

Во предметот за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, обвинети се поранешни функционери од партијата, односно екс премиерот Никола Груевски,Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристовски, како и партијата.

Овој предмет, отворен од СЈО, се суди повеќе од пет години и досега немаше првостепена пресуда.

Можеби ќе ве интересира

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ: Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на идното лето

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ: Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на идното лето

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

ГИ ОТРУЛ ТИНЕЈЏЕРИТЕ СО „ТЕРГАТОЛ”, „ЗАПИРА” И „ДИЈАЗЕПАМ”: За скопјанецот од Козле има обвинение за излагање на опасност и тешки дела против здравјето на деца

ГИ ОТРУЛ ТИНЕЈЏЕРИТЕ СО „ТЕРГАТОЛ”, „ЗАПИРА” И „ДИЈАЗЕПАМ”: За скопјанецот од Козле има обвинение за излагање на опасност и тешки дела против здравјето на деца

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена

„ЗЕМЈАТА НА КОЈА И Е ПОГАЗЕНО ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА КОМИСИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ООН“: Би сакала да аплаудирам, вели Ванковска

„ЗЕМЈАТА НА КОЈА И Е ПОГАЗЕНО ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА КОМИСИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ООН“: Би сакала да аплаудирам, вели Ванковска

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА - ќе бидат изградени над 500 нови станови

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА - ќе бидат изградени над 500 нови станови

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски го поздрави укинувањето на Балансерот

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски го поздрави укинувањето на Балансерот