10 Октомври, 2024
0.1981

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ: Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на идното лето

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Има решение за гужвите на граничниот премин Табановце-Прешево. Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на наредната летна сезона. Досега се потпишани повеќе согласности меѓу двете земји, но потребно е да се поедностави процедурата. Ова денеска го соопштија министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, по нивната средба во СВР Куманово. Тие разговараа и за справувањето со миграцијата и заедничките патроли.

„Дачиќ има големо искуство во својата политичка кариера, но јас ќе бидам малку брутално искрен. Кај нас е кабаетот, како и за сè друго. Како што кај нас е кабаетот што не го воспоставиле системот ‘уан стоп шоп’ со Република Албанија, со Косово и со Република Србија и во овој случај кабаетот е кај нас оти имаме потпишано договор во 2019 година. Србија е подготвена и со техничко решение и со сè, а ние сме си спиеле, нешто што е познато во изминатите години. Но, тоа веќе заврши. Имаме енергија, имаме знаење, имаме поддршка и од меѓународните пријатели и од нашите соседи. На почетокот на идната летна сезона и навистина ќе го воспоставиме овој систем“, рече Тошковски.

Според српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, ова е трета нивна заедничка средба на кој прецизно се дефинираат чекорите што треба да се направат со цел да им се решат проблемите и да им се олесни животот на граѓаните на двете држави.

„Ние веќе имаме потпишано некои согласности, но треба да се поедностави процедурата. Тоа да биде еден преглед на граничниот премин. За овој премин и едни и другите го дадовме тој налог бидејќи ние и двајцата се потпишувавме повеќе пати, но ајде сега навистина да се направи. Не дека можеби ќе нема воопшто метеж, но барем да се чека помалку“, изјави Дачиќ.

Вели дека процесот треба да се усоврши. Во текот на летото, голем број српски туристи патуваат на одмор во земјава или во соседна Грција и на границата има застој. 

фото МВР

Можеби ќе ве интересира

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

ГИ ОТРУЛ ТИНЕЈЏЕРИТЕ СО „ТЕРГАТОЛ”, „ЗАПИРА” И „ДИЈАЗЕПАМ”: За скопјанецот од Козле има обвинение за излагање на опасност и тешки дела против здравјето на деца

ГИ ОТРУЛ ТИНЕЈЏЕРИТЕ СО „ТЕРГАТОЛ”, „ЗАПИРА” И „ДИЈАЗЕПАМ”: За скопјанецот од Козле има обвинение за излагање на опасност и тешки дела против здравјето на деца

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена

„ЗЕМЈАТА НА КОЈА И Е ПОГАЗЕНО ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА КОМИСИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ООН“: Би сакала да аплаудирам, вели Ванковска

„ЗЕМЈАТА НА КОЈА И Е ПОГАЗЕНО ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА КОМИСИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ООН“: Би сакала да аплаудирам, вели Ванковска

ВРХОВНИОТ СУД ГО ВРАТИ ВО ЖИВОТ „ТАЛИР“ - ќе продолжи судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

ВРХОВНИОТ СУД ГО ВРАТИ ВО ЖИВОТ „ТАЛИР“ - ќе продолжи судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА - ќе бидат изградени над 500 нови станови

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА - ќе бидат изградени над 500 нови станови

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски го поздрави укинувањето на Балансерот

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски го поздрави укинувањето на Балансерот