10 Октомври, 2024
0.0643

ГИ ОТРУЛ ТИНЕЈЏЕРИТЕ СО „ТЕРГАТОЛ”, „ЗАПИРА” И „ДИЈАЗЕПАМ”: За скопјанецот од Козле има обвинение за излагање на опасност и тешки дела против здравјето на деца

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 40-годишен скопјанец за Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 1 во врска со член 212 став 1, како и четири кривични дела – Излагање на опасност согласно член 134 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, на 11 и 12 јули годинава,  во неговиот дом во Козле, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето и им дал да ги употребуваат на четири деца родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година. Тој заедно со децата почнале да конзумираат алкохол првично на летниковец во дворот, а потоа во текот на ноќта и во дневната соба од куќата. Во текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам. Дел во таблети, а дел изронети за да можат да се земат преку шмркнување со носот, им ги понудил на оштетените деца „за подобро расположение“.  Иако бил свесен дека од ваквата комбинација на лекови и алкохол може да настапи штетна последица, тешко им го нарушил здравјето на децата. Кога лековите почнале да делуваат со нивното дејство кое манифестира вртоглавица, нерамнотежа и нарушување на свеста, децата започнале да паѓаат и се здобиле со повеќе телесни повреди, се вели во соопштението.

Обвинетиот ги оставил децата и си заминал да спие во спалната соба. Утрината кога станал повторно ги затекнал како лежат во безсознание и ги оставил без каква било помош, иако претходно самиот го довел во опасност нивниот живот.

-При интервенција по пријава за нарушен ред и мир, полицијата ги пронашла децата паднати на подот во дневната соба со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош тие биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај нив било констатирано присуство на бензодијазепини во зголемена концентрација, како и присуство на “карбамазепин“, “диазепам“, „нордазепам“, „циталограм“, „темапзепам“ и „парацетамол“ во крвта. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, посочува ОЈО.


Можеби ќе ве интересира

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

СТРАЗБУР: Во Бугарија недостасува свест за малцинските права

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ: Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на идното лето

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА МЕТЕЖОТ НА ТАБАНОВЦЕ: Системот со едно застанување ќе почне и суштински да функционира на почетокот на идното лето

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

Вештачката интелигенција во две важни области, работната сила и здравството: МАСИТ ја организира 19. годишна конференција

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена

„Адеми имаше прес-конференција против својот поддржувач кој стоеше до него“: Минчев за укинатиот „балансер“ ги потсети ДУИ дека самите поддржале промена

„ЗЕМЈАТА НА КОЈА И Е ПОГАЗЕНО ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА КОМИСИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ООН“: Би сакала да аплаудирам, вели Ванковска

„ЗЕМЈАТА НА КОЈА И Е ПОГАЗЕНО ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА КОМИСИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ООН“: Би сакала да аплаудирам, вели Ванковска

ВРХОВНИОТ СУД ГО ВРАТИ ВО ЖИВОТ „ТАЛИР“ - ќе продолжи судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

ВРХОВНИОТ СУД ГО ВРАТИ ВО ЖИВОТ „ТАЛИР“ - ќе продолжи судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА - ќе бидат изградени над 500 нови станови

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА - ќе бидат изградени над 500 нови станови

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски го поздрави укинувањето на Балансерот

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски го поздрави укинувањето на Балансерот