„ВРИЕ“ ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Жени пријавиле напади во полиција
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2024
Во билтенот на полицијата „врие“ од случаи на семејно насилство.
Рано утрово во Штип, полициски службеници го уапсиле С.М. (63) од Штип, поради тоа што вчера во семејниот дом упатувал закани на својата 66-годишна сопруга.
Вчера полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.С. (31) од Скопје, по претходна пријава дека на 26 октомври во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров ја нападнал својата 28-годишна сопруга.
33-годишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 19 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба ја нападнал нејзиниот поранешен сопруг С.Д. (42) од Скопско.
Во Сарај полицијата го привела Џ.М.(48) од село Крушопек, Скопско, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно, кршел од покуќнината, а потоа физички ја нападнал својата 44-годишна сопруга.