Врнежите ќе ги зголемат водостоите на реките - можни се излевања
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
По обилните врнежи од дожд во наредните два дена можни се појави на поплави.
Врнежите кои се очекуваат во текот на следните 24 часа ќе ги зголемат водните количини во реките и суводолиците, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Критичен е сливот на реката Црн Дрим, Радика, горните текови на реките Вардар, Треска, Црна Река и нивните притоки и суводолици. Во сливните подрачја на Радика и Црн Дрим на делови од помалите водотеци при појава на поројни врнежи, можни се излевања.
Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и одрони.
На одредени места можно е да паднат по 50 или 60 литри на метар квадратен.