Вртелешката се постави, што друго планираат за годинава градските власти
Објавено во: Македонија 16 Април, 2013 09:53
Освен на венецијанската вртелешка, скопјани ќе имаат можност да се вртат и на Панорамското тркало високо речиси колку една зграда од 20 спрата. Идејното решение е избрано, се чека наскоро градските власти да го објават и тендерот за изработката на тркалото. Изградбата најверојатно ќе чини околу 2,5 милиони евра, а Градот ќе го гради заедно со приватен инвеститор. Во градската каса за овој проект се одвоени нешто повеќе од 500.000 евра. Предвидено е да биде високо 60 метри, а ќе се гради на нов пешачки мост на реката Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар. За најдобро идејно решение за изгледот на Панорамското тркало е избрана архитектонтската фирма „ Massabni architects GmbH“, кои се автори на фасадата на хотелот „Мериот“на плоштадот Македонија. И овој проект беше проследен со низа препукувања меѓу советниците. Токму чинењето н тркалото и останатите детали беа причина за жестоките расправи на седниците. Иако на една од последните седници пред локалните избори, Советот требаше да даде зелено светло за изнаоѓање на партнер за изградбата, точката беше симната од дневен ред, но советниците од владејачката коалиција беа децидни дека нема да се откажат од проектот.
- Се работи за пропусти од технички карактер во документацијата за проектот, односно не е целосна, во оној момент кога документацијата ќе се комплетира точката повторно ќе биде ставен на некоја од седниците. Ние не се откажуваме од проектот, изјави тогаш Дафинка Саздова, координатор на советничкта група на ВМРО – ДПМНЕ
Опозицијата пак сметаше дека Градот треба комплетно да се откаже од трошењето пари за како што велат објекти кои не се од значење за Скопје.
-Тоа е еден од проектите од Скопје 2014, и како таков не само од оваа седница треба целосно да се тргне . На Скопје не му требаат такви екскурзии , оти има поважни проблеми за решавање од Панорамското тркало. Скопје има потреба од други мостови, а не од изградба на мост на реката Вардар за на него да се направи Панорамско тркало, тоа е небулозно и Градот треба да се откаже од овој проект, изјави на крајот на октомври лани, Драги Давчевски, советник од СДСМ во Градот Скопје
Оваа атракција на градските власт се реализира како дел од проектот Скопје 2014.
Подземната сообраќајница, најголем проект
Изградбата на подземната сообраќајница од мостот„ Гоце Делчев“ до „Комплекс Банки“ е убедливо најголемиот проект на градските власти, кој беше клучен адут во изборната кампања на кандидатот Коце Трајановски. Кон средината на јуни ќе се знае кои фирми ќе се вклучат во изградбата на подземната сообраќајница, капитален проект на Град Скопје, кој би бил готов за околу 3 години. Сообраќајницата ќе биде долга 1.300 метри, и тоа 900 метри се под земја, а 400 метри над земја договорот за изработка на основниот проект кој Градот го склучи со шпански “Идом” во март минатата година изнесува нешто повеќе од близу 552.000 евра. Предвидениот буџет за изградбата на подземната сообраќајница изнесува 32 милиони евра, од кои со 22,4 милиони евра ќе учествува Владата, а 9,6 милиони евра ќе се обезбедат од градската каса.
Трамвај од 243 милиони евра за Скопје
На 24-ти овој месец ќе се знае дали има зантересирани концесионери за изградба и стопанисување со трамвајскиот систем во Скопје. Досега интерес покажале неколку странски фирми од Франција, Хрватска, Полска Чешка и Германија, но дали некоја од нив ќе стопанисува, ќе биде познато кон крајот на месецот. Концесионерот што ќе се избере е должен да набави 22 трамвајски восилиа, да ја проектира трамвајската траса која што е предвидено да биде во должина од 12,1 километри, односно 2,4 километри во двата правци, да изгради трамвајски станици, депоа и да стопанисува со системот во согласност со рокот нведен во договорот, однсно следните 35 години. Првичната проценка е дека изградбата ќе чини нешто повеќе од 243 милиони евра. Во финансирањето на трамвајскиот систем во следните 35 години освен Градот, со 50 проценти ќе учествува и Владата. Се уште не е познато со колкав процент во финансирањето ќе учествува приватниот партнер. Предвидено е трамвајската Линија1 да го поврзува источниот и западниот дел на градот, односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот и со фреквентна временска рамка од 3-6 минути. Идејата за трамвај датира уште од времето кога во градоначалничката фотелја седеше Трифун Костовски. Актуелниот градоначалник Трајановски, не успеја да го реализра во првиот мандат. Пред локалните избори распиша тендер за јавно приватно партнерство, па најверојатно ќе го реализира во вториот мандат. И покрај тоа што, трамвајот постојано беше најавуван како клучен проект на Градот, за разлика од другите не беше често спменувам во текот на изборната кампања.
Ќе добие ли конечно Скопје нов Луна парк?
Градот сеуште не може да најде соодветен партнер за изградба на новиот модерен Луна Парк. Досега пропаднаа повеќе тендери, иако во текот на изборната кампања на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, често ја споменуваше реализацијата на овој проект. Инвестицијата за овој Луна парк е осум милиони евра при што треба да има четири адреналински реквизити, а останатите ќе бидат од различен тип. Концесионерот ќе биде должен да стопанисува 30 години. И почетокот на реализацијата на овој проект е најавена за оваа година.
Модерен скијачки комплекс на Водно
На почетокот на следниот месец завршува јавниот повик за доделување на договорот за јавно-приватно партнерство за изградба, управување, користење и одржување на ски-патека на Водно. Според повикот, патеката ќе се дава како концесија и договорот ќе важи 25 години. Планирано е на Водно да се гради современ и модерен скијачки комплекс, којшто ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти. Засега не се знае точно со колку пари ќе учествува Градот во јавното приватно партнерство, но во градскиот Буџет за 2013 се предвидени пари за изградба на ски-патеката. Ски-патеката ќе се протега од врвот на Водно од десната страна на „Милениумскиот крст“, во правец кон Нерези, каде што и пред дваесетина години имало ваква патека за скијање. Во буџетот за 2013 година за Град Скопје, предвидени се вкупно близу 114 илјади евра за консултанстки услуги за подземната сообраќајница, трамвајот, реклами, ски-патеката.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот





