ВТОР КРУГ ВО СКОПЈЕ: Ќе се тркаат Ѓорѓиевски и Мециновиќ, Шукова речиси изедначена со Реџепи-Зејд
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2025 09:17
Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг.
Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43%, а за Мециновиќ 30.659 или 13,20%.
Зад нив следуваат Башким Бакиу од ВРЕДИ со 27.864 гласови (12,00%), Каја Шукова од СДСМ со 26.714 (11,50%) и Скендер Реџепи од НАИ со 26.062 (12,22%).
Втор изборен круг е извесен и во скопската општина општина Аеродром, каде што кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,09% од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 20,79%.
Во Бутел, во прв круг победи досегашниот градоначалник Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 52,96% пред Исамедин Азизи од НАИ со 28,17 проценти.
И во Гази Баба, досегашниот градоначалник Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг со 58,42%, пред Влатко Митовски од СДСМ со 18,00%.
Кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со 55,73% повторно е избран за градоначалник на Ѓорче Петров, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, освои 18,37%.
Во Карпош ќе има втор груг. Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ освои 34,51%, пред Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 29,40%.
Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ е избрана во првиот круг со поддршка од 57,36%, пред Јане Ацевски од Левица кој има 16,81%.
Во Центар, градоначалник ќе се бира во во вториот круг, а ќе се гласа за Горан Герасимовски од СДСМ со 38,21% и за Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој освои 25,53%.
Во Сарај, во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ со 50,28%, пред Блерант Рамадани од НАИ со 47,55%.
Изет Меџити од ВРЕДИ ќе биде нов градоначалник на Чаир со поддршка од 51,82%, додека Бујар Османи од НАИ ОСВОИ 40,39%.
Во Шуто Оризари, во втор куг одат Курто Дудуш од Унија на Роми со 36,57% и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 20,69%.
Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.
Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.
Изборите за градоначалници во единиците на локалната самоуправа се вршат по мнозинскиот изборен модел, а изборите за членови на советите по пропорционален модел, во еден круг.
Вториот круг од локалните избори ќе биде одржан на 2 ноември.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





