05 Декември, 2025
0.0325

Ќе се гради ТИРЗ Тетово – по втор пат удрен камен темелник

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2013 20:41

Добивај вести на Viber

Со поставување камен темелник, по втор пат, започна изградбата на слободната економска зона Тетово. Лопати со бетон фрлија покрај премиерот Никола Груевски , фрлијаи лидерот на ДУИ Али Ахмети и министерот за економија Ваљон Сарачини. Со зоната следните 96 години ќе менаџира норвешко-македонската фирма „Нормак инвест груп“, како јавно-приватно партнерство. Притоа македонските власти се обврзани да ја направат клучката на автопатот Тетово - Скопје за да има директен пристап до зоната. Во однос на фактот што вторпат се отвора истата зона, која беше најавена и почна да се гради пред три години, надлежните за застојот се правдаат со имотно правни проблеми на локацијата. „Тетовската економска развојна зона е основана во 2010 година. Во меѓувреме се јавија проблеми од имотно-правен карактер. Овде има услови за изградба на фабрики. Местоположбата сосема одговара оти е близу до Албанија, Косово и Србија. Зоната ќе биде отворена за многу инвеститори“, посочи Груевски. За министерот Сарачини, овојпат работите ќе течат по планот. „Ние бевме сигурни дека ќе се реализира и баравме сериозни инвеститори. Почнуваме голем проект, кој прв пат ќе се развива со јавно приватно партнерство и во оваа зона ќе се градат капацитети кои ќе произведуваат за светски пазари“, вели Сарачини. Во оваа зона ќе се вложат околу 7 милиони евра, ќе се работи во три фази и сите работи треба д асе готови за 7 години.Штом ќе завршат инфраструктурните работи , надлежните најавија дека ќе почне и изградбата на производни и услужни капацитети. Според Висар Фида, директор на Агенцијата за странски инвестиции, при крај е потпишувањето договори за три компании од Норвешка, Албанија и Турција кои сакаат да градат фабрики, а во тек се преговори со компанија од САД и од Швајцарија. За вкупно 157 милиони евра (9.656.285.000 денари) Владата му го довери стопанисувањето со технолошко индустриската развојна зона Тетово на конзорциумот од две државни и три приватни норвешки компании, Нормак Инвестмент Груп. Според податоците од Бирото за јавни набавки, концесискиот договор меѓу Владата и Нормак Инвестмент Груп е склучен на 05 април годинава. Слободната економска зона во Тетово е со површина од 94 хектари. Според проекциите, во првата фаза од се планира да се изградат 25 до 30 индустриски објекти и да се вработат околу 7.000 лица. Денеска и нов погон на Џонсон Мети во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 - „Бунарџик“ каде се вложени 60 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите