Вториот ден на DIGIT посветен на дизајнот
Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2013 13:17
Според програмата, во текот на вчерашниот ден се одржаа повеќе предавања и работилници на кои студентите имаа можност подобро да се запознаат со теоријата на дизајнот, типографија, логоа, како и дизајн трендови за следната година.
Предавањата беа реализирани од страна на професори од ФИНКИ и предавачи од Seavus едукативниот и развоен центар.
Вториот ден беше заокружен со посета на најголемата македонска ИТ компаниja Seavus, преку која студентите добија можност одблиску и детално да се запознаат со работата на компанијата која веќе повеќе од 14 години успешно работи на светскиот пазар и важи за репер за професионалност, посветеност и воведување на иновации за што поголем развој на оваа индустрија.
Големата посетеност и заинтересираноста на учесниците за DIGIT покажува дека студентите се желни за дополнително знаење и пракса и дека одржувањето на вакви настани им помага дополнително да ги развијат своите вештини и знаење.
Факултетот ФИНКИ заедно со Seavus едукативниот и развоен центар се златни спонзори и поддржувачи на шестдневниот ИТ настан.
Едукативниот и развоен центар на Seavus во јавноста е добро познат по несебичната и постојана поддршка на настани од областа на ИТ индустријата.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




