06 Декември, 2025
0.0277

Вторпат во Охрид и во светот: уникатна трка со педалинки низ Охридско езеро!

Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2025 11:23

Добивај вести на Viber

На 16 август, со почеток во 17 часот, на старото пристаниште во Охрид, ќе се случи второто издание на Red Bull Педалинка.

Вторпат во Македонија и во светот ќе се одржи уникатната трка со педалинки која минатата година го имаше своето премиерно издание.

На премиерното издание на Red Bull Педалинка, кое лани се одржа на 24 август, доминираа супер-креативните тимски маски, како и тактичката спремност, борбеноста и тимскиот дух на сите натпреварувачи, страсната публика и опуштената атмосфера покрај езерото.

Култните педалинки, како “симбол” на едно охридско лето, се дефинитивно дел од секоја дружба и сечија летна приказна. Па, целта и идејата позади овој настан е да се спојат забавата и спортот, преку активирање на тимскиот дух и креативност, со специјален Red Bull осврт - спортски натпревар со педалинки низ Охридското езеро, и тоа во самиот епицентар на Охрид.

Тоа што ја прави оваа трка уникатна е фактот дека учесниците освен што треба да поседуваат тимски дух, спортска интелигенција и натпреварувачки карактер, исто така е потребно да ја разбудат својата креативност и иновативност, бидејќи се многу важен дел од целото искуство.

Зошто? Затоа што секој тим има можност да подготви тимска маска и со истата да се презентира низ сите фази од натпреварот, а со тоа директно влегува во игра за интересна и вредна награда.

Како можеш да го пријавиш твојот тим на Red Bull Педалинка?Пријавите се веќе отворени, а сѐ што треба да направиш е да оформиш четиричлен тим, каде барем еден од учесниците е од спротивниот пол и сите во тимот да имаат  18+ години.

Новитетите за оваа година вклучуваат интересни промени во спортскиот формат и изгледот на Red Bull Педалинка, сѐ со цел да се даде дополнителен фокус на тимската работа, забавниот сегмент и тимската координација.

На кратко, трката ќе биде поделена во три фази, каде секоја фаза има уникатна карактеристика:

1.Тимовите истовремено стартуваат и се движат кон целта

2.Тимовите се движат накај пловката, која претставува точка за промена на местата на педалинката и

3.Тимовите треба да совладаат предизвик кој ќе ја тестира нивната прецизност

Наградени ќе бидат прво, второ и трето место, но исто така ќе има награда и за најдобрата тимска маска.

Пријави го својот тим и дознај ги сите информации на официјалната страна на Red Bull Македонија.


ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј