Добивај вести на Viber
Српскиот премиер, Александар Вучиќ изјави дека Србија не сака, не смее и нема да дозволи политички или какви било други напади врз Република Српска поради пресудата врз Радован Караџиќ.
На денот на одбележувањето на НАТО агресијата во Варварин, Вучиќ кажа дека Србија има обврска да се грижи за својот народ кој живее надвор од Србија.
„Ги предупредувам оние кои мислат дека денешната пресуда против некогашниот претседател на Република Српска, можат да ја искористат за политички или некој друг напад против Република Српска, Србија согласно со Дејтонскиот договор тоа не смее, не сака и не може да го дозволи“-рече Вучиќ.
Нагласи дека Србија ќе биде со својот народ и ќе поддржи негов опстанок во Република Српска.
Тој кажа дека никого не загрозуваат, на никого не се закануваат, но нема да дозволат некој да ги гази Србите.
Пресудата против Караџиќ утре ќе се дискутира на вонредна седница на Влада. Вучиќ рече дека сакаат да градат добри односи со соседите.