19 Декември, 2025
0.0565

Вучиќ верува дека односите меѓу Србија и Босна тргнуваат по нов пат

Објавено во: Балкан 22 Јули, 2015 19:25

Добивај вести на Viber

Отворена е нова страница меѓу Србија и Босна и Херцеговина, изјавил српскиот премиер Александар Вучиќ по состанокот во Белград со тричленото претседателство на БиХ.

„Преговорите преминаа во фер и отворена атмосфера, такви разговори се најкорисни“, изјавил Вучиќ на заедничката прес-конференција со Хрватот, Драган Човиќ, Србинот Младен Иваниќ и Бошњак Бакир Изетбеговиќ.

Тој нагласил дека на средбата станало збор за реализација на конкретни проекти и економски прашања, постигнат е и договор за заедничка седница на владите на Србија и БиХ во септември.

„Србија сака да има најдобри можни односи со Босна и Херцеговина“, истакнал Вучиќ. Тој истакна дека „веќе е заборавен нападот во Сребреница и е подготвен пријателски да гледа на соработка помеѓу Србија и БиХ“.

Вучиќ беше нападнат во Сребреница во комеморативното одбележување на геноцидот таму во 1995 година, кога беа убиени 8.000 муслимани од босанските Срби.

„Мојата порака до Бакир, до Младен, до Драган е дека тоа е и нивна куќа дека секогаш се добредојдени во Белград и Србија и треба да се чувствуваат како дома“, изјавил Вучиќ.

Изетбеговиќ од своја страна изјавил дека не може да има развој и стабилноста на регионот без помирување. Тој истакнал дека секое воено злосторство, без разлика против кого е извршено, останува прекршок.

По прес-конференцијата Вучиќ им подарил на своите гости „кошници со српски производи“. Во нив имало кафе, ракија, тегли со лутеница, со слатко, вино и чај.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација