Вучиќ „запрепастен“ од одлуката на Унгарија да издигне ограда долж границата
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2015 10:25
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека е „запрепастен и шокиран“ од одлуката на Унгарија да издигне ограда долж границата со Србија, за да го спречи влегувањето на имигранти на своја територија, пренесоа агенциите, повикувајќи се на интервјуто на Вучиќ за српскиот телевизиски канал „РТС“.
Според него, тоа не е начинот да се реши проблемот.
„Мислам дека одлуката не е во исправање на огради, особено кога ние немаме вина за тоа. Србија не може да биде обвинувана за проблемот со имигрантите, бидејќи ние сме само транзитна земја“, посочил Вучиќ.
„За она што е виновна Србија? За сириската криза ли за конфликтите со „Исламска држава“, за Курдите? Србија е само транзитна земја, тие / имигрантите / продираат не во Србија, туку низ територијата на ЕУ - во Бугарија и Грција“, истакнал српскиот премиер.
Тој истакнал дека планира да разговара за проблемот со имигрантите со својот унгарски колега Виктор Орбан на заедничка седница на владите на двете земји, предвидена за 1 јули.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сирто соопшти вчера дека Унгарија ќе подигне 4-метарска ограда долж границата со Србија, за да го запре приливот на илегални имигранти.
„Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува денес Европската унија“, изјавил Сирто на прес-конференција. „Земјите од ЕУ бараат решение, но Унгарија не може да си дозволи да чека долго“.
Министерот објаснил дека станува збор за гранична станица од 175 километри, чие физичко затворање ќе биде со 4-метарска ограда. Министерството за внатрешни работи доби инструкции да се подготви за тоа, додал Сирто.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




