20 Декември, 2025
0.0328

ВУЧИЌ: Го знам секое српско село, речиси секоја српска куќа во Косово и знам дека нема добро решение

Објавено во: Балкан 13 Септември, 2024 18:55

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека нема чудотворец кој може да им донесе добро решение на Србите во Косово и Метохија. 

Вучиќ изјави дека Белград е секогаш отворен за дијалог со Приштина и дека е подготвен да оди во Брисел за да го продолжи дијалогот со косовскиот премиер Албин Курти, но дека Србија нема да дозволи прогон на нејзиното население и дека се очекува да се појави со далекусежни и важни предлози пред Собранието на Србија веќе во текот на октомври, пренесува Блиц. 

Како што кажа Вучиќ, какви предлози и да даде Србија, „сите би биле против“.

„Иако јас сум претседателот кој водеше најмногу разговори, многумина ја немаат видено другата страна. Нема чудотворец кој може да им донесе добро решение на Србите за Косово и Метохија. Го знам секое српско село, речиси секоја српска куќа во Косово и Метохија ги знам сите проблеми, знам дека нема добро решение исто така и за оние кои доаѓаат од Запад“, рече Вучиќ, пренесе Блиц. 

На Косово деновиве беа уапсени неколку Срби и тие добија куќен притвор. Косовските власти велат дека навредувале полицајци. 

Фото: EPA-EFE/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација