(ВИДЕО) ВУЧИЌ ДО ЦРНОГОРСКИ НОВИНАР: Не постои Косово, замислете да зборувам за Република Плевља
Објавено во: Балкан 09 Октомври, 2024
Српскиот претседател Александар Вучиќ се скара со црногорски новинар.
Вучиќ одговораше на новинарски прашања за време на престојот во Црна Гора.
Новинар од телевизијата во Подгорица го праша Вучиќ за состојбата со Косово, и искористи „Република Косово“.
„Не постои Косово, не постои по меѓународното јавно право. Не постои по повелбата на Обединетите нации, не постои по резолуцијата 1244. Не ми пречи тоа што вие се радувате и сакате намерно да провоцирате изговарајќи Република Косово. Замислете јас да зборувам сега за Република Плевља, таква држава не постои“, рече Вучиќ, по што новинарот почна да му одговара, а потоа српскиот претседател го прекина.
Вучиќ побара од новинарот да биде пристоен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.