09 Ноември, 2025
0.0439

Вучиќ: „Доктрината на српскиот свет“ никогаш не постоела официјално, можеби има бугарски свет

Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2025 21:52

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Брисел изјави дека „доктрината на српскиот свет“ никогаш не постоела како официјална политика на Србија. Вели дека тоа е измислен концепт кој, како што додаде, ги оправдува „антисрпските политики“ во регионот и „обидите за создавање воен сојуз против Белград“, пишува Н1.

Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој ја предупреди ЕУ за наводната доктрина за „српскиот свет“, Вучиќ рече дека тоа е поврзано со предизборната кампања во Бугарија.

„Тие ја измислија фразата српски свет. Можеби го имаат бугарскиот свет, не знам. Но, ние го немаме српскиот свет. Ниту како доктрина, ниту како политика. Никогаш во животот не сум го рекол тоа. Никогаш. Но, им одговараше затоа што направија баук од тоа и за да ја оправдаат својата антисрпска политика, ја користеа таа фраза. Затоа што мора да ги оправдаат Хрватите, и Приштина, и Тирана, а можеби и Софија во иднина, зошто формираат воен сојуз против Србија. Тоа никогаш не било дел од официјалната српска политика“, рече Вучиќ.

За тоа дали постои страв дека Србија ќе остане во чекалната на Европската Унија, Вучиќ рече дека Србија има јасен избор.

„Утре да воведеме санкции врз Руската Федерација. Утре, буквално. Утре да речеме дека ќе го признаеме Косово. Еве нè во Европската Унија кога сакате. Само кажете ми, дали сакате тоа да биде политика? Не мислам дека треба да го признаеме независно Косово. Тоа е чиста геополитика“, рече Вучиќ.

Осврнувајќи се на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија, Вучиќ рече дека, според тој документ, е забележано назадување „само во областа на слободата на медиумите“, нагласувајќи дека тоа не му било јасно.

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

Атина сака „вертикален коридор“: Грција сака да стане главна влезна точка за американскиот гас во Југоисточна Европа

Атина сака „вертикален коридор“: Грција сака да стане главна влезна точка за американскиот гас во Југоисточна Европа

(ВИДЕО) „БЕЗ ХРАНА, БЕЗ ВОДА И ЕДЕН ТОАЛЕТ!“ Агонијата на Србите на овој премин, заглавени на средина десет часа: „Полошо е од затвор“

(ВИДЕО) „БЕЗ ХРАНА, БЕЗ ВОДА И ЕДЕН ТОАЛЕТ!“ Агонијата на Србите на овој премин, заглавени на средина десет часа: „Полошо е од затвор“

ТЕНЗИИ ВО ЗАГРЕБ: Околу 50 маскирани лица се собраа пред Српскиот културен центар

ТЕНЗИИ ВО ЗАГРЕБ: Околу 50 маскирани лица се собраа пред Српскиот културен центар

Захарова ги искара Србите, тие ја потсетија дека само Србија не воведе санкции за Русија

Захарова ги искара Србите, тие ја потсетија дека само Србија не воведе санкции за Русија

(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ АВТОБУС ВО ХРВАТСКА: Потоа го возеле без светла

(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ АВТОБУС ВО ХРВАТСКА: Потоа го возеле без светла

Обдукцијата покажа од што починале лицата во Домот за стари во Тузла

Обдукцијата покажа од што починале лицата во Домот за стари во Тузла

Вучиќ и Вулин се скараа со Радев околу „српски“ и „бугарски свет“

Вучиќ и Вулин се скараа со Радев околу „српски“ и „бугарски свет“

„ИЗВЕШТАЈОТ Е ВАШЕ ВИДУВАЊЕ, НЕ ОГЛЕДАЛО“: Вучиќ кон евроамбасадорот - „Не се грижете, ми завршува мандатот“

„ИЗВЕШТАЈОТ Е ВАШЕ ВИДУВАЊЕ, НЕ ОГЛЕДАЛО“: Вучиќ кон евроамбасадорот - „Не се грижете, ми завршува мандатот“

(ФОТО) ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Србин се пофали со џиновските компири

(ФОТО) ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Србин се пофали со џиновските компири