Вучиќ ги повлекол личните врски со САД за да добијат согласност да ни дадат вакцини
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Февруари, 2021
За неколку дена се очекува да се среди документацијата и конечно Македонија да ги добие вакцините од Србија.
Се чека одобрение од производителот „Фајзер“ за да може Србија да ги испорача ветените вакцини за С Македонија. Ова денеска го соопшти српската премиерка, Ана Брнабиќ, јави МИА. Таа појасни дека договорот меѓу Србија и „Фајзер“ предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат.
„Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Северна Македонија, единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од ‘Фајзер’ дека нивните вакцини можат да бидат донирани“, додаде Брнабиќ.
Таа посочи дека разговарала со директорот на „Фајзер“ за да добијат одобрување за донацијата што е можно поскоро, а дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повлекол личните врски со САД за да ја добијат таа согласност.
За само еден ден има повеќе од 25.000 пријавени граѓани за вакцинација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.