ВУЧИЌ КАЈ ТРАМП ПОМЛАДИОТ НА ПОТКАСТ. „Во Србија се случува обоена револуција“
Објавено во: Балкан 14 Март, 2025 08:31
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во интервју за подкастот на Доналд Трамп помладиот изјави дека Србија е земја која доживеа голем економски развој во последните години, држава со независен и суверен пристап кон меѓународната политика, но и земја која се соочува со протести и во која е во тек обид за „обоена револуција“ со многу пари вложени однадвор.
Во интервјуто за подкастот „Triggered“ на платформата „Rumble“, чиј автор е синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Вучиќ рече дека Србија сè уште не е членка на ЕУ и дека е земја која е на „нов пат“ кон нејзиниот развој.
-Нашата земја минатата година беше втора најбрзо растечка економија. Оваа година веруваме дека Србија ќе биде број еден најбрзо растечка економија во Европа. Во последниве години, навистина постигнавме голем економски напредок и големо влијание врз животниот стандард на луѓето. Ситуацијата, се разбира, никогаш не е идеална и секогаш може многу да критикувате, но генерално Србија е на добар пат, изјави Вучиќ.
Тој посочи дека Србија многу инвестира во инфраструктурни работи и се обидува да привлече многу странски директни инвестиции, а тоа успешно го прави во последните години.
-Од друга страна, продолжуваме да се гордееме што имаме независен и суверен пристап кон меѓународните политички настани, актери и идеи. И тоа е она што на некој начин ја прави разликата меѓу нас и барем многу земји од Европската Унија. Од друга страна, има неколку земји во Европа кои се соочуваат со протести. Во моментов една од тие земји е Србија. Големи протести против нас поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, рече Вучиќ.
Тој изјави дека „трагичната несреќа била искористена против властите, иако обвинителството покрена обвиненија против сите луѓе за кои сметаше дека се одговорни за тоа“.
-Ја завршивме нашата работа, ги исполнивме сите барања на студентите, но тоа не беше доволно. И сфатив, во средината на декември, дека ова е „обоена револуција“ во тек, увезена револуција, нешто со што не може лесно да се справиме. И не е лесно, но верувам дека сме на многу добар пат успешно да го надминеме, потенцира Вучиќ.
Вучиќ рече дека се вложени огромна сума пари од надвор, од различни земји, како и од разни фондации и агенции. Тој изјави дека има три причини зошто сакале да ја дестабилизираат Србија, а првата е тоа што „таа се развива подобро од другите земји во регионот и дека другите не сакале да го имаат тој дисбаланс“.
-Од друга страна, Србија имаше своја независна политика бидејќи бевме на украинска страна кога разговаравме за територијалниот интегритет, но во исто време бевме единствената земја што не воведе санкции кон Русија, бидејќи администрацијата на Клинтон воведе санкции против нас и ние се уште го паметиме тоа. И тоа беше една од главните причини зошто не сакавме да го направиме тоа, изјави Вучиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





