18 Декември, 2025
0.0433

Вучиќ: Ќе има предвремени избори

Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2025 16:44

Добивај вести на Viber

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговото неодамнешно извинување до демонстрантите било искрено и мотивирано од желбата да се смири општествената состојба, а не од страв или политички притисок.

„Моето извинување беше искрено, не затоа што се плашам или сакам да се додворавам, туку затоа што верувам дека е време да се смени климата во општеството,“ рече Вучиќ за време на посетата на градилиштето на Националниот стадион, кој е дел од EXPO проектот.

Тој призна дека понекогаш реагирал емотивно на, како што рече, „ирационални навреди“, но додаде дека знае да покаже самокритичност и да признае кога греши.

„Секој што мисли поинаку треба да знае дека мојата рака е подадена. Јас сум претседател на сите граѓани, без разлика на нивните политички ставови,“ истакна тој.

Во однос на можните политички промени, Вучиќ потврди дека ќе одговори на барањата на протестантите и дека парламентарните избори ќе се одржат пред редовниот рок.

„Ќе излеземе во пресрет на барањата на оние што блокадерите. Изборите ќе бидат пред редовниот термин, а точниот датум ќе го одредат надлежните институции,“ порача српскиот претседател.


Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии