ВУЧИЌ: Не можат да го соборат претседателот, бидејќи знаат дека тоа би ги довело во конфликт со армијата
Објавено во: Балкан 10 Март, 2025 19:21
Српските власти за неколку дена очекуваат нови немири.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „остануваат уште пет дена до обидот за револуција и уривање на уставниот поредок, што е едно од најтешките кривични дела во Србија“, пренесува N1 Србија.
Според него, главното барање по преземањето на институциите ќе биде формирање некаква преодна влада.
„Тие не можат да го соборат претседателот, бидејќи знаат дека тоа би ги довело во конфликт со армијата“, вели Вучиќ.
Тој рече дека единствениот план им е да го преземат српскиот парламент и Радио и телевизија на Србија.
Вучиќ рече дека „додека е жив“ нема да прифати никаква преодна влада, дека „ќе мора да го убијат“ и дека тоа е негов завет и дека „нема да ја предаде земјата на измамници“, што беше поздравено со овации и аплаузи.
По несреќата во Нови Сад лани на 1 ноември каде се урна натстрешница и уби 14 луѓе, во Србија има масовни протести. Пред неколку денови имаше судири и фрлање на чадни бомби и во Собранието, каде три пратенички беа повредени. Српскиот претседател претходно тврдеше дека шарената револуција не успеа во Србија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





