ВУЧИЌ: Не ни паѓа на памет да воведеме вонредна состојба
Објавено во: Балкан 14 Март, 2025 20:16
Во Белград утре ќе има голем студентски протест, а претседателот Александар Вучиќ изјави дека не планира воведување вонредна состојба доколку не се случи голем напад врз безбедносните сили.
„Веруваме дека успеавме да го спречиме тоа. Не ни паѓа на памет да воведеме вонредна состојба“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека собирот ќе биде обезбеден иако не бил пријавен до надлежните државни органи. Ги повика сите да не предизвикуваат немири, а полицијата да не употребува сила без апсолутна потреба, туку само во „јасни ситуации на прекршување на законите и загрозување на животот“.
Студентите кои повеќе од три месеци ги блокираат факултетите низ Србија повикаа на протест во Белград на 15 март. Нивното главно барање е кривична и политичка одговорност за смртта на 15 луѓе при уривање на бетонска настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември во 2024 година. Меѓу загинатите беше и македонскиот државјанин Васко Саздовски. Вучиќ изјави дека направил голема грешка што одлучил да помилува 12 лица, исполнувајќи го третото барање на студентите во блокадата, а како причина за жалење го наведе апсењето на опозиционер и активист во Нови Сад на 14 март.
foto reuters
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





