ВУЧИЌ НЕ СЕ СЕТИЛ НА ВРЕМЕ: „Погрешивме, невакцинираните не требаше бесплатно да ги лекуваме во болниците“
Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2021 08:45
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ја прими третата доза од кинеската вакцина Синофарм против Ковид-19 и го повтори апелот за вакцинација, оценувајќи дека државата погрешила што и вакцинираните и невакцинираните граѓани ги лекувала во болниците бесплатно.
Во директен ТВ пренос, пред камерите на неколку телевизии со национална фреквенција, Вучиќ рече дека презема дел од вината што државата „навреме“ нема „најпаметни решенија“ во борбата за сузбивање на епидемијата.
Србија досега има вакцинирано повеќе од три милиони луѓе, а извештаите на лекарите од одделението за ковид покажуваат дека петтиот бран на коронавирус има исклучително висок процент на невакцинирани пациенти кои завршуваат на интензивна нега.
„Да го направевме тоа, ќе имавме подобри резултати во вакцинацијата. Можевме, без да бидеме против Уставот, бесплатно да ги лекуваме вакцинираните лица, а невакцинираните бесплатно, но само до нивото на платени годишни здравствени придонеси, а остатокот да се плаќа. Тоа би било апсолутно фер“, им рече Вучиќ на новинарите.
Нагласувајќи дека „за жал не се сетил на време“ затоа што „се верувало во преголема вера во совеста и одговорноста на луѓето“, Вучиќ изјавил дека здравствените придонеси во просек изнесуваат од 500 до 550 евра годишно, наведувајќи дека тоа е „малку помалку од цената на еден ден болничко лекување“.
„Да го направевме тоа, ќе имавме подобри резултати во вакцинацијата“, рече српскиот претседател и го повтори апелот до своите сограѓани да се вакцинираат.
Србија, според Министерството за здравство, официјално потврдила 1.179.137 инфекции од регистрираниот прв случај на 6 март минатата година, а пријавени се 10.336 смртни случаи од Ковид-19.
foto: Video printscreen Aleksandar Vucik Fb profil
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





