Вучиќ обезбеди 700 милиони евра за брза железница низ Србија, колку добивме ние од ЕУ?
Објавено во: Економија 28 Април, 2021
Македонија за изградба на својата железничка инфраструктура на располагање има 55,74 милиони евра од Еверопската банка за обнова и развој за периодот 2021-2023, и дополнителни неповратни грантови од 27 милиони евра, главно за коридорот 8 (источен дел). Ова го покажува објавениот бизнис план за 2021 на МЖ Инфраструктура.
Српскиот претседател Александар Вучиќ по посетата на Брисел објави дека Брзата пруга која ја планира Србија ќе оди од Белград до Ниш, а од таму на југ се до границата со Северна Македонија. ЕУ преку претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изрази поддршка за планот. Вучиќ пресмета дека од Белград до Скопје ќе бидат потребни три и пол часа патување.
„Србија ќе изгледа 100 отсто поинаку затоа што ќе се отворат многу можности и шанси за транспорт на луѓе и стоки од Виена, Минхен, но и Загреб низ Србија до Истанбул и Атина“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел по состанокот со шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел. Србија очекува да добие грантови од ЕУ во вредност од 35 проценти на проектот за железницата. Вкупната вредност на проектот за изградба на пругата се очекува да достигне 700 милиони евра.
Според бизнис-планот на МЖ Инфраструктура, оваа година ќе бидат инвестирани само 18,67 милиони евра, од кои од Европската банка за обнова и развој ќе следуваат 12 милиони евра како кредит, додека како грант 4,05 милиони евра, Остатокот се буџетски средства.
Најмногу пари годинава, околу 940 милиони денари, МЖ Инфраструктура ќе потроши на реконструкција на делницата Куманово - Бељаковце и на изградба на делницата Бељаковце - Куманово. На првата делница во должина од 30 километри до сега се инвестирани 1,7 милијарди денари. Двете фази треба да ги продолжи нов изведувач кој треба да биде избран годинава.
Долгорочно, железничката делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, според бизнис-планот, ќе чини 404,7 милиони евра, а засега од ИПА се обезбедени 60,76 милиони евра, се вели во планот.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.