08 Ноември, 2025
0.0324

Вучиќ откри чии државјани се фатени во кампот кај Лозница

Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2025 21:28

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека државата утврди присуство на тројца руски државјани во кампот „Сунчана Река“ кај Лозница, но не може да тврди дека станува збор за руска служба, ниту пак има какво било признание за неа.

„Притворивме лица од српска националност кои ни беа достапни. Тие ни дадоа информации за лицата за кои станува збор и истрагата продолжува. Овие лица се уште се во притвор. Исто како што приведовме 11 лица во врска со инцидентите во Париз. Исто како што приведовме две лица во врска со инцидентите во Германија, во врска со митинг одржан од еден од опозициските лидери, каде што некој фрли боја, лажно сакајќи да обвини некого од германските власти“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека сите овие лица се приведени.

„И, како што реков, во овој случај, во тој камп беа присутни и тројца руски државјани. Тоа е она што можам да ви го потврдам“, ​​рече Вучиќ.

Тој одговараше на прашање за време на заедничката конференција со Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, за нелегалниот камп кај Лозница, каде што во текот на летото биле обучувани граѓани на Молдавија и Романија.

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

ТЕНЗИИ ВО ЗАГРЕБ: Околу 50 маскирани лица се собраа пред Српскиот културен центар

ТЕНЗИИ ВО ЗАГРЕБ: Околу 50 маскирани лица се собраа пред Српскиот културен центар

Захарова ги искара Србите, тие ја потсетија дека само Србија не воведе санкции за Русија

Захарова ги искара Србите, тие ја потсетија дека само Србија не воведе санкции за Русија

(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ АВТОБУС ВО ХРВАТСКА: Потоа го возеле без светла

(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ АВТОБУС ВО ХРВАТСКА: Потоа го возеле без светла

Обдукцијата покажа од што починале лицата во Домот за стари во Тузла

Обдукцијата покажа од што починале лицата во Домот за стари во Тузла

Вучиќ и Вулин се скараа со Радев околу „српски“ и „бугарски свет“

Вучиќ и Вулин се скараа со Радев околу „српски“ и „бугарски свет“

„ИЗВЕШТАЈОТ Е ВАШЕ ВИДУВАЊЕ, НЕ ОГЛЕДАЛО“: Вучиќ кон евроамбасадорот - „Не се грижете, ми завршува мандатот“

„ИЗВЕШТАЈОТ Е ВАШЕ ВИДУВАЊЕ, НЕ ОГЛЕДАЛО“: Вучиќ кон евроамбасадорот - „Не се грижете, ми завршува мандатот“

(ФОТО) ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Србин се пофали со џиновските компири

(ФОТО) ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Србин се пофали со џиновските компири

Оставкa „падна“ откако се запали Домoт за стари лица во Тузла каде загинаа 12 луѓе

Оставкa „падна“ откако се запали Домoт за стари лица во Тузла каде загинаа 12 луѓе

„Последно нешто што го сакаме е оружјето на братска Србија да се користи против нашите војници“: Песков со порака до соседите

„Последно нешто што го сакаме е оружјето на братска Србија да се користи против нашите војници“: Песков со порака до соседите