Вучиќ потврди дека Албанци изболе млад Србин во Витина
Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2023
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека на Косово е избодено 20-годишно момче.
Вели дека косовскиот премиер Албин Курти поттикнува омраза.
„Еве момче, млад човек, 20 години, Ѓузиќ Бобан беше прободен со нож во рамото од двајца Албанци во селото Могила, општина Витина. Сега тоа се случи. Ова е омразата што режимот на Курти ја промовира против Србите. И на ова, се плашам, нашите западни партнери ќе реагираат со смирување на двете страни. Ова се слики од две убодни рани во пределот на рамото“, прикажал Вучиќ.
На Косово, во последно време имаше серија напади врз Србите.
На Бадник и Божиќ, Албанци повредија Срби. Едно дете заврши во болница, со прострелна рана, а брат му исто така имаше повреда, но не го задржаа во болница. Група Албанци нападнала Србин кој се враќал од црква на Божиќ.
Над 300 напади на Србите имало откако Курти е на власт, а никој не одговарал.
Сега Курти има неколку услови за да дозволи формирање на Заедница на српски општини. Вучиќ рече дека тоа е срамота.