„ВУЧИЌ СЕГА СЕ ЧУВСТВУВА МНОГУ ЛОШО КОГА ГО ГЛЕДА СЕТО ОВА, ЗНАЕ ДЕКА Е ПОРАЗЕН“ - Антонела Риха за „малите победи“ на студентите
Објавено во: Балкан 15 Март, 2025 19:29
Студентскиот протест во Белград, кој денеска достигна историски размери, испрати јасна порака – незадоволството расте, а решителноста за промени е сè поголема. Градот е преполн со демонстранти, што создава атмосфера на силна граѓанска мобилизација против актуелната власт. Оваа слика на Белград ја коментираше новинарката Антонела Риха во отвореното студио на N1, која оцени дека протестите веќе претставуваат победа, дури и пред постигнување на крајната цел – смена на власта.
„Гледаме слика од градот, непрегледна маса луѓе – критична маса за Александар Вучиќ. Ова е чувство на победа. Сите овие луѓе очекуваат финалето да биде промена на власта, веруваат дека тоа е единствената победа. Но, не е само тоа. Победа е и решителноста на просветарите кои сложно ги поддржуваат студентите, театарските уметници кои сепостојано со нив, спортистите, воопшто граѓаните кои храбро го водат овој протест. Имаме низа мали победи“, изјави Риха.
Според неа, српскиот претседател Александар Вучиќ сега се наоѓа во позиција во која чувствува пораз, иако сè уште формално ја држи моќта во свои раце.
„Јас верувам дека тој сега се чувствува лошо кога го гледа ова, верувам дека се чувствува дека е поразен. Сè уште ја има моќта, но таа веќе е сведена на една шака луѓе, неговата сила сега се огледува само во оној камп пред Собранието. Можеби има луѓе кои искрено го поддржуваат, но тоа се претежно пробисвети“, оцени новинарката.
фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





