ВУЧИЌ СО ПРЕЦИЗНА МАТЕМАТИКА - еве како Србија успеа да се снабди со гас за зимава не поскап од 400 евра за илјада метри кубни
Објавено во: Балкан 03 Септември, 2022 08:31
Српскиот премиер Александар Вучиќ прецизно и низ точни математики им објаснува на граѓаните на неговата држава како таа земја ги набавувала енергенсите од Русија навреме и по многу попристапни цени, и со тоа овозможила мирна зима и избегнале државата да банкротира.
Со помош на овие политики, како и со складирањето на гасот во Унгарија, Вучиќ очекува државата да има можност да користи гас зимава по цени од околу 400 евра за илјада метри кубни, во услови кога неговите цени на пазарот се движат по околу 3.000 евра.
Ова видео го споделуваат граѓани на социјалната мрежа фејсбук.
„Сега јасно вие зошто Русија ја одовлекува војнава, а не дека е не военоспособна? А ова за НАШЕВЕ, во НАШАВА земја што им штракаат на авионите на НАШИТЕ нато партнери, ова е ВИША МАТЕМАТИКА. Тие не знаат ни ДАТУМИТЕ да ги набројат до сега што ги добивме“, пишува Златко Димески.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




